10 секојдневни работи што сигурно ги правите погрешно (и како да си ги олесните)

Кога користите голем нож, многу е важно како ви се поставени палецот и показалецот ако сакате да ги избегнете несреќите – фатете ја дршката со дланката, а со палецот и показалецот цврсто фатете го сечилото, како на фотографијата подолу.

10-sekojdnevni-raboti-shto-sigurno-gi-pravite-pogreshno-i-kako-da-si-gi-olesnite-02.jpg

За да го избегнете прскањето кога ставате течност од тетрапак или амбалажа со слична форма, свртете ја амбалажата наопаку, како на фотографијата десно.

10-sekojdnevni-raboti-shto-sigurno-gi-pravite-pogreshno-i-kako-da-si-gi-olesnite-08.jpg

Немојте да пиете кафе рано наутро, особено не на празен стомак. Најдобро е да почекате околу еден час – тогаш во организмот се намалува лачењето кортизол, поради што кафето ќе ви даде повеќе енергија.

10-sekojdnevni-raboti-shto-sigurno-gi-pravite-pogreshno-i-kako-da-si-gi-olesnite-09.jpg

Немојте секојпат да ги перете крпите со омекнувач бидејќи со текот на времето може да се наталожи и да ги направи покрути, особено ако ги сушите во машина.

Доволно е да ставате омекнувач на секои 3-4 перења. Ова, секако, не важи за облеката бидејќи е направена од поразличен материјал.

10-sekojdnevni-raboti-shto-sigurno-gi-pravite-pogreshno-i-kako-da-si-gi-olesnite-10.jpg

За да не ги закачувате слушалките со секое движење, ставете го кабелот зад вратот, како на фотографијата десно.

10-sekojdnevni-raboti-shto-sigurno-gi-pravite-pogreshno-i-kako-da-si-gi-olesnite-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg