Зготвила делови од дечко ѝ, медицинска сестра убивала деца – 5-те најзлобни жени кои живееле во последните 100 години
Кетрин Најт добила доживотна казна затвор без можност за помилување за само едно злодело, но навистина грозоморно злодело – таа го убила нејзиниот дечко, му го искасапила телото и ги зготвила деловите, а потоа планирала да им ги даде на неговите деца.
Статистички, убијците многу почесто се мажи, но ова не значи дека не постојат и злобни жени кои се подготвени на злосторства од кои нè лазат морници.
За жал, низ историјата се појавиле многу жени за кои се зборува и неколку векови по нивната смрт, само поради нивните брутални, садистички злодела од кои може да ви се згади.
Вакви злобни жени има и од релативно поново време, а нивните злосторства не се ништо помалку морничави.
Пет од најзлобните жени кои од последниве 100-тина години:
Беверли Алит
Беверли Алит од Англија била медицинска сестра која убила четири деца, пробала да убие други три, а на шест им нанела сериозни повреди.
Беверли била родена во 1968 година во Англија. Во средно честопати волонтирала како дадилка, а на 16 години се запишала на курс за медицински сестри на локален универзитет.
Нејзините убиства и обиди за убиства се случиле во период од само 59 дена, почнувајќи од февруари 1991 година.
Жртвите биле деца од болницата Granthnam and Kesteven каде што Беверли работела како медицинска сестра.
Другите вработени во болницата почнале да се сомневаат дека нешто не е во ред по ненадејната смрт на бебе старо девет недели. Дотогаш, веќе на многу деца им се влошувала состојбата без навидум никаква причина, па вработените повикале полиција.
Детективите утврдиле дека само Беверли била на смена кога здравјето на децата се влошувало, а притоа имала и пристап до потребните лекови.
Не е познато како точно Беверли ги изведувала нападите, но на барем две жртви им дала преголема доза инсулин. Кај едно дете бил забележан и меур со воздух во неговите вени.
Во 1993 година таа добила дури 13 доживотни казни затвор и моментално се наоѓа во психијатриска болница со максимално обезбедување.
Бидејќи од нејзиното затворање имаат поминато 30 години, според законите во Англија, сега Беверли може да бара да биде пуштена порано, но не е познато дали презела нешто во врска со тоа.
Бел Ганес
Бел Ганес, позната и како Hell's Belle (Бел од пеколот) е сериски убиец од САД и се верува дека е одговорна за смртта на најмалку 14 лица.
Некои шпекулираат дека Бел има убиено над 40 луѓе, и тоа само за да ги ограби или да собира пари од нивното осигурување.
Бел била родена во Норвешка во 1859 година, а во 1881-ва се преселила во САД. Овде прво работела како куќна помошничка, а потоа се вработила во месарница.
Бел била силна жена со застрашувачки изглед – имала 170 сантиметри и тежела околу 113 килограми, а била и многу мускулеста.
Со првиот сопруг, Бел имала две деца, но и двете умреле од воспаление на дебелото црево – симптом кој може да е последица од труење. Бидејќи и двете деца биле осигурани, Бел зела огромна сума пари од државата по нивната смрт.
Откако сопругот купил животно осигурување, набрзо и тој умрел, па Бел повторно зела голема сума пари.
Слична била ситуацијата и со вториот сопруг – бил најден мртов со повреда на главата, по што Бел добила пари од неговото осигурување. Тогаш полицијата се посомневала во Бел, но не презеле ништо.
Потоа Бел објавувала понуди за брак во локални весници и добила повик од маж од Висконсин. По ова, на мажот му се губи секаква трага.
Набрзо потоа, уште еден маж ѝ се јавил на Бел и таа наводно го убедила да извади голема сума пари пред да дојде кај неа. Откако ги извадил парите, на мажот му се губи секаква трага, но некои очевидци тврдат дека го виделе неговиот труп во дворот на Бел.
Злоделата на Беверли излегле на виделина во 1908 година кога изгорела нејзината куќа. По пожарот, властите нашле 11 тела, вклучувајќи и обезглавено тело на жена.
За последното верувале дека ѝ припаѓа на Бел, но многумина се убедени дека таа си ја лажирала смртта и успеала да се скрие.
Илза Кох
Илза била сопруга на нацистички командант и стражар во еден од концентрационите логори за време на Втората светска војна.
Денес важи за еден од најужасните чувари во логорите и стана позната по нејзиниот садистички третман кон затворениците.
Илза, која е родена во 1906 година, прво почнала да работи како чуварка и секретарка во камп во близина на Берлин. Потоа, откако се венчала со сопругот, била преместена во логорот Бухенвалд каде што ја покажала својата мрачна страна.
Илза одбирала затвореници со тетоважи и откако ги убивала, ги вадела тетовираните делови од нивната кожа за да ги чува.
Таа чувала и органи од затворениците, а во колекцијата имала и две човечки глави.
А, ова било најмалку злобното нешто што го правела Илза.
Таа ги тепала затворениците и ги терала да вежбаат и да работат речиси до смрт, само за да се забавува. Ги изгладнувала и ги мачела свирепо.
По крајот на војната, Илза била судена за воените злосторства и била затворена во женски затвор во Германија.
Во септември 1967 година, на 60-годишна возраст, Илза се обесила во затворот. Пред да си го одземе животот, Илза халуцинирала и постојано стравувала дека преживеаните од логорите ќе ја малтретираат во ќелијата.