Кој е Ендру Тејт, контроверзниот инфлуенсер што отворено ги мрази жените и е обвинет за трговија со луѓе и силување?
Во 2022 година, Ендру успеа да ги натера претплатниците на платформата масовно да споделуваат негови видеа на социјалните мрежи, а овој потег драстично му ја зголеми популарноста.
Дотогаш тој веќе беше познат по контроверзните ставови и тврдењата дека е сексист кој ги мрази жените.
Дури и многу непрофитни организации кои се фокусираат на заштита на жени јавно ги осудија ставовите на Ендру и ги нарекуваа загрижувачки, особено кога ќе се земе предвид колку млади луѓе го гледаат како идол.
Поради говорот на омраза, Твитер банира три официјални профили на Твитер.
Во август 2022 година, по онлајн кампања, Ендру беше баниран и од Фејсбук, а потоа и Инстаграм каде што имаше 4,7 милиони следбеници.
И ТикТок му постави забрана на инфлуенсерот, споделувајќи дека ги прекршувал правилата бидејќи објавувал „содржина која напаѓа, се заканува и поттикнува насилство против некоја личност или група“.
Веројатно претпоставувате дека набрзо потоа и Јутјуб го банира каналот на Ендру поради ширење говор на омраза и лажни вести.
Ендру се пресели од Англија во Романија во 2017 година, а самиот сподели дека причината била тоа што сакал да живее во држава каде што „корупцијата е достапна за сите“.
Тој изјави и дека во Романија биле помали шансите да го гонат за секусално вознемирување и силување.
Сериозните проблеми со законот за Ендру почнаа во 2022 година. Наводно, во април, анонимен маж се јавил во американската амбасада во Романија, тврдејќи дека негова поранешна девојка (која е Американка) присилно е држена во домот на Ендру и брат му во Романија.
Истиот месец Ендру беше приведен и испрашуван, откако романската полиција ја пронашла жената во неговиот дом, заедно со уште една жена од Романија.
И двете жени изјавиле дека биле затвореници во куќата.
Ендру беше ослободен, а изјавите на жените ги натераа властите да почнат истрага за можна трговија со луѓе и силување.
По неколкумесечната истрага, Ендру беше повторно уапсен во декември 2022-ра, а романските власти споделија дека идентификувале шест жртви кои наводно биле сексуално експлоатирани од Ендру и брат му.
Моментално, бизнисот со веб-камерите и девојките што го спомнавме погоре, е можеби најважен во истрагата.
Имено, самиот Ендру има изјавено дека најмувал девојки за да се разголуваат и да имаат односи пред веб-камери, но и дека ги контролирал.
„Мојата работа е да ги натерам жените да се вљубат во мене. Буквално, само тоа ми е работа. Имам задача да сретнам девојка, да отидеме на неколку состаноци, да спијам со неа, да проверам дали е квалитетна.
Да ја натерам да се вљуби толку многу во мене, што ќе направи што и да ѝ речам, а потоа да ја натерам да се соблекува пред веб-камери за заедно да се збогатиме“, пишуваше во сега избришана објава на веб-сајтот на Ендру Тејт.
Сега властите се сомневаат дека девојките што работеле за Ендру не се појавувале пред веб-камери своеволно.
Поради ова, инфлуенсерот и брат му се во притвор додека трае истрагата.
Сепак, некои девојки кои работеле за Ендру и брат му тврдат дека никогаш не биле експлоатирани или присилувани за што било.
Спирова С. | Црнобело