Што открива за вас накитот што го носите најчесто?

Додека оние кои најчесто носат накит со логото на некој бренд сакаат да ги импресионираат другите, луѓето кои преферираат сребро воопшто не сакаат да се фалат – што кажува за вас вашиот омилен накит?

shto-otkriva-za-vas-nakitot-shto-go-nosite-najchesto-01.jpg

Луѓето ги користат облеката и модните додатоци како начин на изразување. Преку нивниот личен стил, тие се искажуваат себеси и откриваат детали за нивниот карактер.

Што открива накитот за нечиј карактер?

Накит со шарени камчиња и висечки детали

Оние кои преферираат накит со шарени камчиња и необични украси, како животни, се луѓе кои се чувствуваат како деца.

Ова никако не значи дека се однесуваат детинесто. Напротив, тие се одговорни возрасни личности, но истовремено се дружељубиви и весели.

Секогаш се со добро расположение и ја гледаат светлата страна дури и кога се во навистина лоша ситуација.

shto-otkriva-za-vas-nakitot-shto-go-nosite-najchesto-02.jpg

Винтиџ накит

Винтиџ накитот им е омилен на луѓето кои се искрени и трудољубиви. Тие обично ги ценат и почитуваат традициите.

Но, некогаш можат да бидат премногу сериозни, па дури и да им судат на другите. Истовремено, неретко не знаат да уживаат во моментот.

shto-otkriva-za-vas-nakitot-shto-go-nosite-najchesto-03.jpg

Накит со лого/име на бренд

Луѓето кои одбираат накит со името или логото на некој бренд покажуваат колку всушност го сакаат тој бренд.

Тие ја ценат уникатноста на тој бренд, а сакаат и другите да ја препознаат.

Кога, пак, станува збор за многу скапи брендови, неретко луѓето кои носат ваков накит сакаат да го покажат својот статус пред другите или да ги импресионираат.

shto-otkriva-za-vas-nakitot-shto-go-nosite-najchesto-04.jpg

Сребрен накит

Оние кои го сакаат сребрениот накит обично се луѓе кои не сакаат да се фалат.

Речиси никогаш не зборуваат за себе и мразат да се во центарот на вниманието.

Истовремено, тие се луѓе на коишто можете да им верувате, како и луѓе кои се независни и ја ценат природната убавина.

shto-otkriva-za-vas-nakitot-shto-go-nosite-najchesto-05.jpg

Светкав накит

Луѓето кои преферираат впечатлив светкав накит обично сакаат да го привлечат вниманието на другите или да го покажат својот статус во општеството.

shto-otkriva-za-vas-nakitot-shto-go-nosite-najchesto-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg