8 работи на кои обично сакаме да заштедиме, но вреди да дадеме повеќе пари
Стол за биро
Ако поголем дел од денот поминувате на биро, пред компјутер, вреди да си купите квалитетен стол.
Столот кој не ви ја нуди потребната потпора може да предизвика цела низа проблеми со грбот, вратот и рамената.
Садови за готвење
Рокот на траење на најевтината тава што ќе ја најдете на пазарот е многу краток.
Односно, за многу краток период ќе се изгребе и ќе почне да загорува, што значи ќе мора да купите нова.
Истото важи и за тенџерињата и сите садови за готвење.
Што значи, всушност ќе заштедите ако вложите во квалитетни садови за готвење кои ќе ви траат со години, наместо секоја година да купувате нови.
Постелнина
Според експертите, свилата е најдобриот материјал за постелнина, посебно за навлака за перница. Покрај што е пријатна на допир, свилата е издржлива и не предизвикува иритации.
Ако не можете да си дозволите свилена постелнина, тогаш дајте ѝ предност на памучната и избегнувајте ги синтетичките материјали.
Завеси
Ако немате ролетни, навистина вреди да купите квалитетни завеси од дебел материјал.
Експертите препорачуваат да спиеме во целосна темница за да го подобриме квалитетот на сонот, но ова е невозможно за луѓе кои живеат во град.
Светлината од билбордите и уличните светилки секогаш продира низ прозорецот, а тенката, евтина завеса не може да ја блокира.
Па, за да си го подобрите сонот, купете квалитетни, дебели завеси.
Спирова С. | Црнобело