Зошто мажите имаат бради, а жените не и уште 8 разлики помеѓу двата пола (и зошто постојат)

Мускулна маса

За мажите е многу полесно да додадат мускулна маса за разлика од жените.

Причината за ова е хормонот тестостерон кој е одговорен за зголемување на мускулната маса.

Бидејќи жените имаат помалку тестостерон во телото од мажите, потребно им е повеќе време да напраат мускули со вежбање.

zoshto-mazhite-imaat-bradi-a-zhenite-ne-i-ushte-8-razliki-pomegju-dvata-pola-i-zoshto-postojat-06.jpg

Паѓање на косата

Паѓањето на косата е многу почесто кај мажите отколку кај жените. Иако со годините и косата на жените се проретчува, ќелавоста е многу почеста кај мажите.

Покрај тоа, кај мажите ќелавоста може да се појави и пред 40-тиот роденден, додека кај жените ова е случај само ако имаат некое нарушување, како алопеција.

Познато е дека во повеќето случаи, ќелавоста кај мажите е наследна. Односно, ако во семејството на мажот има многу ќелави мажи, голема е веројатноста и тој да ја изгуби косата.

Истовремено, се верува дека ќелавоста кај мажите настанува поради високото ниво на тестостерон.

Се верува и дека паѓањето на косата кај жените може да биде генетско (доколку не станува збор за одредено нарушување). Овојпат „виновникот“ најверојатно е зголеменото ниво на андрогени – машки хормони кои ги има во помало количество и кај жените.

zoshto-mazhite-imaat-bradi-a-zhenite-ne-i-ushte-8-razliki-pomegju-dvata-pola-i-zoshto-postojat-07.jpg

Адамово јаболко

И мажите и жените имаат Адамово јаболко, но кај мажите е многу поизразено.

Адамовото јаболко е составен дел од гркланот и служи како негов штитник. Овој дел од телото ги штити и гласните жици.

Адамовото јаболко е изразено само кај мажите бидејќи кај нив гркланот е поголем. Поголемиот грклан, пак, објаснува зошто мажите имаат подлабоки и посилни гласови од жените.

zoshto-mazhite-imaat-bradi-a-zhenite-ne-i-ushte-8-razliki-pomegju-dvata-pola-i-zoshto-postojat-08.jpg

Големина на мозокот

Во просек, машкиот мозок е за околу 10% поголем од женскиот. Но, ова не значи дека мажите се поинтелигентни бидејќи големината нема поврзаност со когнитивните способности.

Од друга страна, жените имаат повеќе сива мозочна маса за разлика од мажите, а постојат и некои разлики во конекциите на мозокот.

Овие разлики имаат влијание врз начинот на размислување кај мажите и жените. Односно, според истражувањата, ова објаснува зошто, во просек, жените се подобри за мултитаскинг, додека мажите се подобри кога се фокусираат на една задача.

Се верува и дека овие разлики се причина зошто обично жените се посклони кон анксиозност и депресија.

zoshto-mazhite-imaat-bradi-a-zhenite-ne-i-ushte-8-razliki-pomegju-dvata-pola-i-zoshto-postojat09.jpg

Брада

На мажите им расте брада бидејќи фоликулите на нивната вилица се стимулирани од хормон кој потекнува од тестостеронот.

И жените имаат фоликули на лицето, но се помалку чувствителни на овој хормон. Покрај тоа, тие имаат и пониско ниво на тестостерон од мажите.

Но, веројатно се прашувате зошто воопшто мажите имаат брада.

Експертите уште немаат одговор на ова прашање, но имаат неколку претпоставки од еволуциска гледна точка.

На пример, можеби порано нашите женски предци ја гледале брадата како сигнал за маж со повеќе тестостерон кој би можел да ги одбрани и да се грижи за нив и децата.

zoshto-mazhite-imaat-bradi-a-zhenite-ne-i-ushte-8-razliki-pomegju-dvata-pola-i-zoshto-postojat-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg