9 (неочекувани) работи кои нè прават привлечни во очите на другите
Модните детали
Малите интересни обетки или впечатливиот ѓердан прават да изгледате впечатливо во очите на другите и да ве запомнат како личност која сака да се грижи за себе и да се претстави во најдобро светло.
Облека со добар крој
Облеката не е клучна, но кога некое парче има добар крој и совршено ви прилега изгледате како човек на кој може да му се верува, особено кога и вашата професија го бара тоа од вас.
Пријатен тон на глас
Контролирањето на тонот на гласот, паузирањето при говорењето и правилното дишење прават да бидете пријатни за слушање, а јаготка на шлагот кога е комуникацијата лице во лице е соодветниот контакт со очите при разговорот.
Добри манири
Многу е важно како се однесувате во јавност, а особено кон луѓето од услужната дејност. Тоа говори за вас како личност погласно од што било друго.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com