Уловена најголемата риба
На еден Британец кој го срушил светскиот рекорд, уловувајќи огромна риба- ража, му било потребна помош од тринаесет луѓе за да го извлече овој "звер" од реката.
Ражата тешка неверојатни 352 килограми, за малку не го потопила англискиот риболовец и истражувач Велч, кој одмарал на тајландската река Меконг заедно со група риболовци.
Ражата која ја уловил Велч прогласена е за најголема риба која е некогаш уловена во слатки води, долга преку 2 метри, а тешка преку 350 килограми.
Заедно со Велч, уште 13 риболовци околу час и половина ја извлекувале ражата од вода, а откако ја фотографирале и зеле примерок од нејзината ДНК - ја вратиле назад во реката.
"Ражата многу тешко може да се одвои од речното или морското дно, бидејќи се секогаш цврсто припиени и едноставно незнам како воопшто нам ни успеа да ја извлечеме од водата" - вели исцрпениот Велч.
Ражата е вид на риба која се одликува со сплоснато тело па затоа и уште е наречена риба лист или морски лист.
Животниот век и е околу 25 години, а земајќи во предвид дека очите им се сместени на горната страна на телото, а устата на долната, ражата не го гледа својот плен и жртвите ги лови со помош на сетилото за мирис.
Некои видови на грбот имаат отровна перка која им служи за одбрана или пак поседуваат електричен орган кој може да предизвика силен електричен удар на жртвата.
Познат е случајот со австралискиот репортер Стив Ирвин кој во 2006 година почина од убод од ража додека ја снимаше својата емисија за животот во дивината.