13 предмети кои треба да ги имате во автомобилот (за непредвидливи ситуации)
Шише вода
Во автомобилот секогаш имајте шише вода, особено ако често одите на патувања.
Резервен клуч од дома
Навистина е лесно да го загубите клучот од дома кога сте излезени, па за да не останете заклучени надвор, секојпат имајте резервен клуч во автомобилот.
Влажни марамчиња и антиперспирант
Некогаш можеби ќе бидете во брзање и ќе немате време за туширање. Во овие мигови, влажните марамчиња и антиперспирантот во автомобилот сигурно ќе ви бидат од огромна помош.
Очила за сонце
Сонцето може значително да го отежни возењето, па во автомобилот чувајте еден пар очила во случај да ги заборавите оние што ги носите вообичаено.
Храна
Нема да погрешите ако во автомобилот чувате храна како чипс или што било што може да трае подолго. Некогаш сигурно ќе заглавите на некој автопат, па добро е да имате нешто што ќе ве држи сити барем некое време.
Крем со заштитен фактор
Кремот со заштитен фактор е задолжителен кога излегувате на сонце, но сосема нормално е некогаш да заборавите да ставите.
Па, чувајте крем во автомобилот кој ќе ви се најде во вакви ситуации.
Крпа
Досега сигурно ви се случило најмалку еднаш да ви притреба крпа додека сте во вашиот автомобил, па не треба да ви објаснуваме зошто треба да имате барем една во автомобилот.
Спирова С. | Црнобело