Јавни тоалети, неуспех - Чудни фобии од кои најчесто страдаат мажите
Синдром на измамник (Страв од недоволна вредност)
Овој синдром особено ги погодува мажите што се наоѓаат на раководни функции и кои постојано стравуваат од тоа дека не се доволно добри или дека не поседуваат доволно знаење и вештини за тоа што го работат.
Постојат неколку типови на мажи со овој синдром и сите тие имаат свои обележја:
- оние што заради својот перфекционизам чувствуваат дека никогаш не се доволно добри;
- оние што сметаат дека треба да работат многу понапорно за да ги стигнат колегите;
- оние што се срамат од тоа затоа што им треба долго време да усовршат некоја вештина;
- оние што одбиваат нечија помош со цел да докажат дека сѐ можат сами и
- оние што сметаат дека ако не поседуваат експертски познавања од одредена област тогаш може да се соочат со неуспех.
Ануптафобија
Иако можеби ви звучи чудно, но постојат мажи што стравуваат од тоа да бидат сингл.
Можеби е предизвикано од очекувањето на блиските што постојано нагласуваат дека очекуваат конечно лицето да стапи во брак или од други причини, но кај овие лица стравот е мошне силен и нема образложение за него.
Иако најголем дел од луѓето се соочуваат со непријатно чувство или неизвесност по завршувањето на врските, кај овие лица постои огромен страв и анксиозност предизвикана од помислата дека никогаш нема да стапат во брак и дека ќе останат сами.
Спротивно на нив, постојат лица што страдаат од Гамофобија или страв од брак.
Кулрофобија
Пред да поканите кловн на вашата забава, бидете сигурни дека меѓу поканетите нема луѓе што страдаат од оваа фобија.
Можеби како мали го гледале филмот направен според книгата на Стивен Кинг It, или самата нивна појава им е морбидна, но постојат мажи (и жени) на кои кловновите воопшто не им се забавни.
Најчесто кај овие луѓе, сите појави што делумно наликуваат на луѓе, но немаат природни човечки движења, предизвикуваат чувство на нелагодност и одбивност.
Б. С. Б. | Црнобело