Корисни предмети што нашите баби и дедовци ги немале, а ние ги земаме „здраво за готово“

Пегла за облека

Најверојатно вашата баба користела пегла на јаглен. Оваа направа е направена од метал и во неа може да се стави јаглен. Јагленот го загрева металот, па така ги пегла ткаенините.

Не треба да објаснуваме зошто овие пегли сигурно не биле практични.

Првата електрична пегла била направена во 1880-тите, но тој период не била достапна за сите, а и многу домаќинства немале струја. Пеглите со пареа, пак, се појавиле во 1920-тите.

Важно е да се нагласи дека првите модели лесно рѓосувале и можеле да ја уништат облеката.

Дури во втората половина на 20-тиот век станале поусовршени, но и подостапни за широката јавност.

korisni-predmeti-shto-nashite-babi-i-dedovci-gi-nemale-a-nie-gi-zemame-zdravo-za-gotovo-06.jpg

Тоалетна хартија

Првата тоалетна хартија почнала да се продава во САД во 1857 година. Но, не била воопшто мека како денешната.

Дури во 1930-тите американските фабрики почнале да прават помека хартија што не ја иритира кожата.

По ова, било потребно време за тоалетната хартија да се прослави ширум светот, што значи ова навистина е релативно нов изум.

korisni-predmeti-shto-nashite-babi-i-dedovci-gi-nemale-a-nie-gi-zemame-zdravo-za-gotovo-07.jpg

Фрижидер

Фрижидерите за домашна употреба почнале да се појавуваат во 1915 година. Но, како и повеќето предмети на листава, биле многу скапи и ретко кој можел да си ги дозволи.

Дури по 1930-тите фрижидерите станале подостапни и поедноставни за употреба.

korisni-predmeti-shto-nashite-babi-i-dedovci-gi-nemale-a-nie-gi-zemame-zdravo-za-gotovo08.jpg

Машина за перење облека

Првата машина за перење облека погодна за домашна употреба се појавила в 1937 година.

Веројатно претпоставувате дека била многу скапа, поради што можеле да си ја дозволат само најбогатите.

Подобри и малку поевтини модели почнале да се појавуваат по Втората светска војна, и оттогаш популарноста на машините за перење само се зголемувала и почнале да се користат во многу домаќинства.

korisni-predmeti-shto-nashite-babi-i-dedovci-gi-nemale-a-nie-gi-zemame-zdravo-za-gotovo-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg