Корисни предмети што нашите баби и дедовци ги немале, а ние ги земаме „здраво за готово“
Првите машини за перење облека погодни за домашна употреба се појавиле во 1937 година, но биле многу скапи. Дури по Втората светска војна почнале да се прават поевтини (и поефикасни) модели што можеле да си ги дозволат повеќе луѓе.
Многу предмети што ги користиме секојдневно ги земаме „здраво за готово“. Односно, не го цениме тоа што значително ни олеснуваат многу работи, но и забораваме дека нашите баби и дедовци сигурно ги немале.
Во продолжение осум вакви предмети кои треба да ги цениме повеќе:
Правосмукалка
Иако првиот изум кој може да се нарече практична правосмукалка бил измислен во 1908 година, овие уреди станале достапни за повеќето домаќинства дури во 1950-тите.
Квалитетна козметика
Луѓето користеле масла, билки, зачини и слични природни состојки за убавина уште пред неколку милениуми.
Но, факт е дека ефикасноста на некои модерни козметички продукти не се ни споредува со овие природни алтернативи.
Во викторијанската ера, пак, во многу продукти за убавина имало и олово, што значи дека биле смртоносни.
Квалитетните продукти за убавина кои имаат состојки за хидратација, подмладување и што уште не, почнале да стануваат достапни за пошироката јавност дури по Втората светска војна.
Фотоапарати
Пред помалку од 20 години, дигиталните фотоапарати ни изгледаа како изум од научно-фантастичен филм, а денес сите имаме камера во нашиот џеб.
Иако најпрвата фотографија потекнува од 1826 година, самите фотоапарати не се појавиле на пазарот уште многу децении.
Кога, пак, почнале да се продаваат, можеле да си ги дозволат само најбогатите и не биле воопшто практични.
Вештачки новогодишни елки
Првите вештачки елки почнале да се прават во 19-тиот век – тогаш ги изработувале од пердуви обоени со зелена боја.
На почетокот на 20-тиот век овие елки биле популарни, но не биле многу практични.
Потоа, во 1958 година, почнале да се прават и вештачки елки од алуминиум, но многу брзо ја изгубиле популарноста.
Пластичните новогодишни елки кои имаат прифатлива цена за повеќето почнале да се прославуваат во 1980-тите.