-->
Трик 1: Парчето облека го фотографираат во неприродна состојба, односно на начин на кој во реалноста нема да го носиме, само за да изгледа поефектно. Трик 2: Ве мамат со целиот стајлинг, а вие всушност купувате само едно парче.
Фотографиите од продуктите, во случајов парчињата облека, се најважни при онлајн продажбата.
-->
Тие се пресудни за да се намами клиентот, кој купувајќи онлајн ниту може да го допре, ниту да го проба парчето кое го купува.
Затоа онлајн продавачите користат трикови со кои прават манипулација и ги претставуваат парчињата облека во најдобро можно светло.
Секако, доколку бирате квалитетни и претходно пробани брендови, може да не погрешите и парчето да биде исто и во реалноста, но треба да внимавате со непознати и непроверени онлајн продавници.
Трикови кои ги користат онлајн продавачите на облека:
Го фотографираат парчето облека само и изолирано за да изгледа ефектно, а нам всушност ни е потребно да видиме како прилега на тело во склоп на одреден аутфит.
-->
-->
Парчето облека го фотографираат во неприродна состојба, односно на начин на кој во реалноста нема да го носиме, само за да изгледа поефектно (кожена јакна како ја фотографираат vs. како ја носиме).
-->
Објавуваат црно-бели фотографии, наместо во боја, за да изгледаат мистично и уметнички, а всушност со нив кријат несовршености како лош принт или неквалитетен материјал.
Користат модели со совршени тела, наместо реални жени, и на тој начин дури и просечни парчиња облека, прават да изгледаат спектакуларно.
-->
Парчето облека го прикажуваат само во црна боја, иако има на располагање и други бои од него – тоа е затоа што во другите бои несовршеностите на материјалот се забележителни.
Уште 4 трикови на следната страна...
Би можело да ве интересира: