„Чекав 23 години за да ги прегрнам ќерките“ – неверојатната приказна на првиот маж кој добил двојна трансплантација на раце

Феликс Гретарсон е првата личност на која ѝ е направена двојна трансплантација на раце и рамена и денес, околу една година по операцијата, тој се чувствува одлично и вели дека е пресреќен што конечно може да ги прегрне ќерките и внуките.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-01.jpg

49-годишниот Феликс Гретарсон од Исланд ги изгубил двете раце во 1998 година. Тогаш 25-годишниот Феликс бил електричар и додека работел на далновод го фатила струја.

Веднаш по несреќата, лекарите го ставиле Феликс во вештачка кома и му направиле 54 операции, вклучувајќи и ампутација на неговите изгорени раце.

Кога се разбудил од кома околу три месеци подоцна, не можејќи да се справи со ситуацијата, Феликс почнал да користи алкохол и наркотици. Тогаш тој имал девојка и две мали ќерки за кои повеќе не можел да се грижи.

„Не можев да ги прегрнам моите девојчиња. Не можев да јадам, ниту да се грижам за личната хигиена“.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-07.jpg

Животот на Феликс се движел во надолна линија, а неговите блиски се плашеле дека нема да живее уште долго ако продолжи по тој пат. Девојката го оставила, а повеќе не можел да ги гледа ни неговите ќерки кои денес имаат 27 и 23 години.

На Феликс му била потребна трансплантација на црниот дроб, но не бил погоден пациент бидејќи не водел грижа за своето здравје.

Во 2001 година Феликс успеал да се ослободи од пороците и му била направена трансплантација на црниот дроб, но била неуспешна. Истата година му била направена уште една трансплантација, овојпат успешна.

Набрзо потоа, среќата почнала да му се насмевнува на Феликс.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-11.jpg

Тој никогаш не ни сонувал дека некогаш повторно ќе има раце, сè додека не го сретнал реномираниот хирург Жан Мишел Бернард. Хирургот му кажал дека е возможно да добие трансплантација на двете раце и му ја вратил надежта.

Но, Феликс морал да чека неколку години додека да се најде погоден донор.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-12.jpg

Во меѓувреме, тој ја запознал неговата сопруга која му помогнала да ги надмине најтешките мигови.

Конечно, во јануари 2021-ва, односно 23 години по несреќата, Феликс го нашол донорот и била изведена двојната трансплантација која е всушност прва во светот.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-03.jpg

Иако бил пресреќен, Феликс открива дека хоспитализацијата по операцијата не била воопшто лесна.

„Првото нешто што си го помислив е ’Кој го прави ова намерно?!‘ бидејќи болката што ја чувствував беше неподнослива. Се чувствував како да има два камиони застанати на моите раце“.

На почетокот му било тешко да се навикне на новите раце, но сега, една година по операцијата, Феликс вели дека дури и нивната боја е адаптирана на неговата кожа.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-08.jpg

Феликс вели дека неговите дланки не се подвижни, но рамената, лактите и зглобовите на дланките се потполно функционални.

Инспириран од неговото искуство, сега Феликс се обидува да им помогне на другите луѓе кои минуваат низ тежок период држејќи говори и организирајќи работилници. Тој има и одличен совет за сите:

„Никогаш не се откажувајте од вашите соништа. Ако ви речат дека нешто е невозможно, тоа само значи дека не било направено досега“.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-02.jpg

По 23 години, Феликс може да ги прегрне неговите сакани.

„Конечно можам да ги прегрнам моите ќерки и внуците што ми ги подарија“.

chekav-23-godini-za-da-gi-pregnam-kjerkite-neverojatnata-prikazna-na-prviot-mazh-koj-dobil-dvojna-transplantacija-na-race-10.jpg

Повеќе фотки од Феликс на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg