Носталгија по едно минато време: Со какви телефони бевме „фраери“ во 2000-тите? (фото)
Се сеќавате ли на времето кога пишувавме СМС пораки на тастатури со бројки? Се сеќавате ли на времето кога најмалите телефони беа како „цигли“? Пишете ни во коментар кој беше вашиот прв телефон?
Денес децата обожаваат да се натпреваруваат за тоа кој има подобар паметен мобилен телефон? Каква марка е, колку инчен екран има, каков процесор. Дали има добра камера? Па дали е добар за редовно споделување на социјалните мрежи?
фото: depositphotos.com
Често велат дека денес е тешко да им се задржи вниманието на децата во училиште затоа што сите со себеси носат паметни телефони, но факт е дека телефоните станаа секојдневие во средношколскиот живот уште на почетокот на 2000-тите години.
Во тој период излегоа т.н. припејд тарифни модели и мобилните телефони станаа достапни за секого. Секој средношколец во џебот носеше ваков уред.
Во тоа време интернетот уште не беше толку достапен, ама затоа сите бевме фраери со мобилните телефони, што во тоа време тежеа како „цигла“. Се сеќавате ли како скриени во задна клупа игравме „змија“ и „тетрис“?