Србија, Индија: Фотографии од „урбанистичкиот пекол“ ширум светот - што ѝ направивме на планетата?
Забрзаната урбанизација можеби ни изгледа како знак за прогресот на човештвото, но неретко го забораваме „пеколот“ што го создава.
Урбаните средини забрзано се развиваат и сè почесто се градат огромни станбени згради, фабрики, продавници, трговски центри…
Додека сето ова може да звучи убаво и нè тера да мислиме дека е знак за прогресот на човештвото, се чини дека забораваме на урбанистичкиот пекол што го создава.
Градењето без план и претворањето на секој град во „бетонска џунгла“ е нешто што го гледаме сè почесто. Резултатот е „урбанистички пекол“, односно сиви, пренаселени и загадени градови.
Многу луѓе чувствуваат револт поради ова, а на Reddit постои и форум посветен на фотографии што одлично го прикажуваат овој „пекол“.