10 знаци дека сте ментално силна личност, низ илустрации
Трпеливи сте
Без разлика за каква цел станува збор, трпеливоста е многу важна.
Проблемот е што некои луѓе се фокусираат само на таа крајна цел и се толку нетрпеливи, што не ги ни забележуваат малите напредоци.
Од друга страна, ментално силните луѓе знаат дека трпеливоста е важна и се радуваат на секој мал чекор кон нивната цел.
Прифаќате дека не сте совршени и не секогаш нештата се под контрола
Нормално е одвреме-навреме да имате и по некој лош ден, па дури и цела недела. А, ако сте ментално силна личност, нема да се обидувате да го скриете тоа.
Јасно ви е дека минувате низ лош период и дека можеби ви треба помош, па наместо да се преправате дека сè е под контрола, ја барате таа помош од саканите.
Не се плашите да ги покажете негативните емоции (и ги мотивирате другите да го направат тоа)
Негативните емоции воопшто не се знак за слабост и сите ментално силни луѓе го знаат тоа.
Без разлика дали станува збор за тага, гнев или друга „лоша“ емоција, ментално силните луѓе не ја кријат, ја прифаќаат и чекаат да помине.
Истовремено, тие ги охрабруваат и другите да ги покажат овие лоши емоции наместо да ги потиснуваат во себе.
Не се плашите да ги напуштите токсичните личности
За жал, не сите пријатели што ќе ги стекнете во животот ви го мислат најдоброто. Некои од нив можеби нема отворено да го кажат тоа, но нивното однесување сигурно ќе ги „издаде“.
Ако сте ментално силна личност, нема да го трпите ова токсично однесување и, едноставно, ќе ги оставите тие личности зад вас бидејќи само ви штетат.
Покажувате емпатија
Емпатијата не значи да ги сожалувате другите, туку вистински да разберете како се чувствуваат и да се ставите во „нивна кожа“ наместо да ги осудувате.
Ако сте емпатична личност која наместо да ги осудува другите, пробува да ги разбере и да им помогне, тогаш дефинитивно сте и ментално силна личност.
Спирова С. | Црнобело