Хорор сцени на кои налетуваат луѓе во станови и куќи изнајмени под кирија (фото)
Печурки во бањата поради влагата, отпушоци и ѓубре од претходните станари, фрижидер изгризан од стаорци - на некои луѓе воопшто не им е грижа во каква состојба се домовите што ги издаваат.
Кога изнајмувате стан или куќа, без разлика дали на неколку денови, месеци или години, нормално е да очекувате барем сè да биде функционално и исправно, особено ако плаќате повисока сума.
Но, сите кои изнајмувале, особено оние на подолг период, знаат дека во реалноста ситуацијата може да биде многу, многу полоша.
За жал, постојат газди кои воопшто не се грижат за нивните потстанари и најважно им е само да ја добијат киријата. Без разлика што влагата во домот, затнатите цевки и сличните проблеми се нивни за решавање, тие едноставно ги игнорираат.