Позитива на денот: Фото-докази дека во светот сепак има прекрасни и добри луѓе
-->
Поради многуте лоши нешта што се случуваат, лесно е да заборавиме дека светот сепак е прекрасно место со добри и несебични луѓе.
Навистина постојат многу луѓе кои се подготвени да им помогнат на другите без двоумење и без да очекуваат нешто за возврат. Постојат и луѓе кои со малите, навидум неважни гестови, знаат како да разубават нечиј ден и да измамат барем една мала насмевка на нечие лице.
-->
Во продолжение неколку приказни што го докажуваат ова:
„Само сакам да му дадам признание на ова слатко момче кое е сосед на моите родители. Секој ден оди кај нив и ги проверува и се грижи за нив. Оди со тато до продавница, ја коси тревата и им помага со што било друго. Малку 15-годишни деца би одвоиле време да се грижат за нивните постари соседи“.
„Минатото лето ја запознав оваа 80-годишна жена на онлајн игра. Заедно изигравме над 300 партии и станавме многу добри пријатели. Денес конечно отидов да ја сретнам во живо“.
„Жената со црвеното палто забележа дека младото момче не може да си ја намести вратоврската, па му рече на сопругот да му покаже. Тој без двоумење му покажа и го научи момчето како се врзува вратоврска“.
„Додека го чекавме нашиот лет, ќерка ми му довикна на овој маж. Тој седна до неа, ѝ го даде неговиот таблет и ѝ покажа како да црта на него. Потоа заедно гледаа цртани, а ќерка ми му понуди од нејзините грицки. Ова не беше набрзина, туку траеше цели 45 минути“.
-->
-->
„Денес запознав нова пријателка. Ми даде дозвола да ја објавам фотографијата, но само ако нагласам дека има 93 години! Ѝ реков дека многу ми се допаѓа бојата на нејзината коса, а таа ми рече ’Не сакам да бидам мала старица со бела коса‘“.
-->
„Повозрасен господин дојде сам во ресторанот. Почна да му раскажува приказни на келнерот кој, пак, ја искористи паузата за ручек за да јаде со него“.
„Си облеков празничен костум за да го изненадам семејството и на аеродромот го сретнав овој маж. Веднаш се спријателивме!“
-->
„Син ми има аутизам и не зборува. Денес имаше можност да ја запознае Снежана во Дизниленд и се расплака. Снежана го бакна и го прегрна, па дури и го однесе на прошетка! Беше неверојатна! Го држеше за рак, танцуваше со него и поминаа многу време заедно. Вистински ангел!“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе
Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот
Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле
Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал
Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...