Менување пелени на маса и уште 13 фото докази од гости во ресторан кои се кошмар за секој келнер
Мајка која му менува пелени на детето среде ресторан, возрасен маж кој фрла ѓубре на земјата, па дури и гости кои фрлале по келнерка со храна – во светот навистина постојат ужасни луѓе кои воопшто немаат култура.
Не залудно велат дека најдобро ќе оцените некоја личност според начинот на којшто се однесува кон келнери, продавачи и вработени во некоја услужна дејност.
Кога одиме во ресторан или кафетерија, работата на келнерите е да нè услужат, но тоа никако не ни дава право да се однесуваме некултурно кон нив, да ги понижуваме и да ги третираме како наши слуги.
Додека повеќето луѓе се однесуваат нормално и покажуваат разбирање и почит кон овие лица, постојат и оние кои се вистински кошмар за нив.