Зошто некои луѓе имаат потреба од дремка во текот на денот и зошто тоа е добро?
Се верува дека дремката постоела и кај нашите најдалечни предци
Нашите предци биле изложени на многу повеќе опасности за разлика од нас, па со цел да се заштитат, некој постојано би требало да чува стража додека другите спијат.
Се претпоставува додека некои од предците чувале стража, другите одморале (или дремеле), а потоа се менувале.
Дремката е одлична ако вечерта не сте спиеле доволно
Постојат безброј причини за нарушен сон, а следниот ден може да биде навистина напорен.
Ако не сте имале можност да отспиете 7-8 часа во текот на ноќта, дремката од 40-тина минути може да ви биде од огромна помош.
Дремката е добра и за вашата емотивна состојба
Сигурно и самите имате забележано дека емотивно не сте во најдобра состојба кога не сте наспани. Дремката во текот на денот може да ви помогне и во овој случај.
Подобро расположение
Ако имате потреба од дремење, немојте да го гледаат тоа како губење време.
Дремката ќе ви помогне да се релаксирате, да ги наполните батериите за остатокот од денот и, генерално да се чувствувате многу подобро и посреќно.
Дремењето е природна појава кај многу животински видови
Ако имате мачка, тогаш добро знаете дека овие животни сакаат да дремат, некогаш и во текот на целиот ден.
Всушност, дремењето е сосема нормална појава која се сретнува кај многу животински видови.
Спирова С. | Црнобело