Како да ги закопчате тесните фармерки и уште 6 трикови за панталони – кои функционираат, а кои не?
Доволно е да качите само некој килограм за да не можете да ги закопчате омилените фармерки, но сигурно можете да најдете трик што ќе ви помогне во ова.
Ако, пак ослабете и фармерките ви се малку широки, сигурно има трик што ќе ви се најде и во оваа ситуација.
Но, помеѓу многуте трикови што ги гледаме онлајн, голем дел не се воопшто практични и ефикасни.
Во продолжение неколку популарни трикови за панталони, но и колку се ефикасни:
Трик 1
Според овој трик, ако фармерките ви се широки, само закопчајте ги и превиткајте го горниот дел.
Иако звучи интересно, превитканиот дел ќе се познава дури и под широка маица.
Трик 2
Уште еден трик за широки фармерки – треба да го протнете копчето низ едната јамка за коланот, а потоа да го закопчате како вообичаено.
Иако фармерките нема да ви паѓаат, кога ќе ги закопчате на овој начин, на предниот дел ќе има испакнатина.
Трик 3
Сличен трик како претходниот, но овојпат потребен ви е стегач или мал ластик.
Закачете го стегачот на копчето и протнете го низ најблиската гајка, па закачете го на копчето и другиот крај (како на фотографиите 1 и 2). Потоа само закопчајте ги фармерките.
За разлика од претходниот трик, овојпат не се создава испакнатина на фармерките, па ќе можете да ги носите со поширока маица.
Трик 4
Ако не можете да ги закопчате фармерките, повторно може да ви се најде стегач за коса или мал ластик.
Закачете го ластикот на копчето, протнете го низ дупката за копчето, па закачете го и другиот крај на копчето.
Потоа само ставете колан.
Трик 5
Овојпат имаме трик за превиткување на панталоните, односно за прицврстување откако ќе ги превиткате ногавиците.
Но, ластикот нема да направи никаква разлика, па поедноставно е да ги превиткате панталоните без него.
Трик 6
Одличен трик за закачување фармерки.
Протнете ги фармерките низ закачалката (слика 1), па закачете ги двете гајки како на слика 2.
Трик 7
Со овој начин на диплење, копчето на фармерките е малку понастрана, па може да биде подобар ако редите многу парчиња едни врз други.
Сепак, ова диплење не е наједноставно, ќе ви одземе повеќе време, а не прави некоја голема разлика.
Спирова С. | Црнобело