Запознајте го 1-годишното момче од САД чија коса не се чешла (фото)
Малото момче од САД има уникатна дива фризура која му дава посебен шарм. Сте слушнале ли за Синдром на коса која не може да се чешла?
Локлан е 14-месечно детенце од САД кое има руса нескротлива коса која му дава посебен шарм. Тој има ретко генетско нарушување кое се нарекува Синдром на коса која не може да се чешла.
Неговата мајка Кејтлин Семплс (33) вели дека го учи Локлан како да биде горд на својата уникатна фризура, но и дека не е лесно и дека луѓето некогаш знаат да зјапаат и коментираат.
Кога се родил тие не очекувале дека ќе има вака специфична коса, но кога почнала поинтензивно да му расте од 5-тиот месец забележале дека нешто е поинаку.
Потоа направиле испитување на примерок од неговата коса и добиле потврда дека има Синдром на коса која не може да се чешла.
Покрај дивата фризура, Локлан е многу здраво и среќно детенце.
Фотки од Локлан:
Прочитајте и Запознајте ја Руби (3) - девојче чија коса не може да се чешла
С. С. | Црнобело