Дали се смеете во најнезгодните моменти? Не сте единствените
„Не може да помине погреб без смеење“. Колку и да звучи морбидно, ова сепак е прилично точно и постои многу логично објаснување во врска со смеењето во најнезгодните моменти.
Замислете ја следната ситуација: Вклучени сте во многу жестока дискусија и додека се чувствувате анксиозно и нервозно, одеднаш почнувате да „пукате“ од смеење. Ни самите не знаете зошто.
Се трудите да престанете да се смеете, но тоа е пат без враќање. Пат кој обично го следи чувство на вина.
Доколку се најдете во ваква ситуација, знајте дека не сте сами.
Што се крие зад смеата во најнезгодните ситуации?
Смеењето во непријатните моменти е сосема повремено и варира во зависност од личноста и нејзината психичка состојба.
Многу луѓе со ментални нарушувања, како што се дефицит на внимание, опсесивно компулсивно растројство или нарушување од спектарот на аутизмот, честопати имаат тешкотии да реагираат соодветно на тажни или непријатни ситуации.
Исто така, постои и многу мал процент од населението кое припаѓа во категоријата социопати.
Социопатите се луѓе кои не чувствуваат емпатија како останатите и поради ова можат да имаат погрешни морални вредности. Односно, може да им биде тешко да разликуваат што е добро, а што не.
Што значи, може често да им се случи да не реагираат соодветно на некоја ситуација, како смеење во тажен момент.
Смеата како одбранбен механизам
Но, што доколку не се работи за една од причините што ги спомнавме?
Понекогаш луѓето се смеат кога доживуваат непријатна ситуација и се обидуваат да ги скријат своите најдлабоки чувства.
Ова може да биде потсвесен процес, а не нешто што личноста го контролира.
Со други зборови, вашиот ум пробува да се заштити од непријатните емоции со смеа. И тоа е сосема нормално.
(О)Милена | Црнобело