„Целиот гардеробер е само за мене“ – Луѓе споделуваат која е предноста што живеат сами
„Кога ќе си дојдам дома, храната што сум ја мислел цел ден ќе ме чека во фрижидерот“.
Ако живеете сами некогаш можеби се чувствувате осамено, но веројатно ова не се ни споредува со придобивките од овој начин на живот.
Можете да правите што сакате и кога сакате, не мора да се нервирате за туѓиот неред и никогаш не треба да одите на прсти бидејќи некој спие.
Форумџии на Редит споделуваат кое им е омиленото нешто од живеењето сами:
„Секој предмет во домот е точно онаму каде што сум го оставил“.
„Никогаш не треба да чекам ред за тоалетот“.
„Целиот неред е само мој. Никогаш не сакам да чистам по некој друг, ниту сакам некој друг да чисти по мене. Сите садови во мијалникот се само мои“.
„Кога живеев сама, ако го исчистев домот, остануваше чист. Сега го чистам домот и сè е расфрлано за 10 минути“.
„Има многу предности, но најмногу ми се допаѓа што не мора да се справувам со туѓи проблеми“.
„Кога ќе си дојдам дома, храната што сум ја мислел цел ден ќе ме чека во фрижидерот“.
„Интроверт сум и кога ќе си дојдам дома сакам да бидам сама. Социјалните ситуации ме трошат и можам да си ја вртам енергијата само ако сум сама некое време.
Не сум асоцијална, но кога живеев со цимерка морав да се кријам во другата соба бидејќи не ми се зборуваше веднаш штом ќе си дојдев дома“.
„Тишината“.
„Не мора да одам на прсти навечер плашејќи се да не ќе разбудам некого“.