Во Германија не смеете да останете без гориво – најчудните закони од земјите во Европа
Во Британскиот парламент не смеете да влезете со витешки оклоп
Можеби ви звучи смешно, но овој закон датира од 1313-та година. А, со оглед на тоа што мошне често луѓето денес носат витешки оклопи, навистина Британците мораат да побрзаат за да го променат овој закон, нели?
Во Барселона не смеете да се шетате без маица
Освен ако не сте на плажа или на базен, низ Барселона можете да се шетате само облечени во целост.
Од 2011-та година градските власти донесоа ваков закон, а казните за шетање без маица може да изнесуваат и до 260 евра.
На Хвар јадењето и пиењето на јавни површини чини 700 евра
Слично како и во Барселона, така и на хрватскиот остров Хвар е забрането да се шетате во костими за капење. Казната за оние што не ги почитуваат законите може да изнесува и до 600 евра.
Доколку, пак, се обидете да се шетате само по кратки пантолони или здолниште без маица, казната е 500 евра.
Доколку се обидете да јадете или да пиете на јавните површини, можете да платите казна и до 700 евра, а исто толкава е и казната за излежување на улиците.
Во село во Франција не смеете да умрете ако претходно не сте купиле гробница
Во француското село Сарпурен жителите не смеат да починат во неговите граници доколку претходно не обезбедиле гробно место на локалните гробишта.
Законот бил донесен во 2008-мата година, откако било утврдено дека гробиштата се преполни.
Во Рим ако имате куче мора да го прошетате
Италијанските градови воведоа закони со кои се штитат милениците од насилство. Така, доколку во Рим не го прошетате кучето трипати дневно, можете да платите казна од 500 евра, а истото важи и во Торино.
Во Торино се воведени и казни од 10.000 евра или година дена во затвор за мачење или напуштање миленичиња.
Во Португалија е забрането уринирање во океанот
Со цел да ги чуваат плажите чисти, а и за да се заштити здравјето на луѓето, Португалија воведе закон со кој се забранува уринирање во океанот.
Иако, не сме сигурни како ќе докажат дека некој не го почитувал законот, сепак подобро е да одите во тоалет како сите цивилизирани луѓе.
Б. С. Б. | Црнобело