Во Германија не смеете да останете без гориво – најчудните закони од земјите во Европа

На историските места во Грција високите потпетици се забранети, на автопатите во Германија не смеете да останете без гориво, а на Хвар пиењето на јавни места може да ве чини и до 500 евра.

na-akropol-ne-smeete-da-nosite-shtikli-na-hvar-ne-smeete-da-se-shetate-vo-kostim-za-kapenje-chudni-novi-zakoni-niz-evropa-01.jpg

Некои закони се донесени во поново време и за нив сигурно има добра причина, без разлика што ни звучат лудо. Некои чудни закони, пак, си останале од порано и никој не се сетил да ги регулира или промени.

Доколку планирате да одите во некоја од европските земји, добро би било да ги знаете и чудните закони:

Забрането е да останете без гориво на автопат во Германија

Доколку некогаш се најдете на пат низ германските автопати, запомнете дека мора да го наполните резервоарот со гориво.

Казните за снемување гориво во автомобилот на германски автопат се од 30 до 70 евра, затоа што Германците сметаат дека не може ненадејно да се случи да останете без гориво, туку тоа е ситуација што може да се спречи.

Друга причина за овој закон е и забраната да се застане среде автопат - нешто што ќе се случи ако останете без гориво. 

na-akropol-ne-smeete-da-nosite-shtikli-na-hvar-ne-smeete-da-se-shetate-vo-kostim-za-kapenje-chudni-novi-zakoni-niz-evropa-02.jpg

Во Венеција е забрането да храните гулаби

Од 2008 година, властите во Венеција воведоа забрана за хранење гулаби на плоштадот Свети Марко.

Ваквата забрана била воведена со цел да се намали популацијата на гулабите, но и за да се намалат трошоците за чистење на јавните површини, за кои секој граѓанин плаќал по 275 евра годишно.

За хранење гулаби во Венеција можете да платите казна и до 700 евра.

na-akropol-ne-smeete-da-nosite-shtikli-na-hvar-ne-smeete-da-se-shetate-vo-kostim-za-kapenje-chudni-novi-zakoni-niz-evropa-03.jpg

Во Грција е забрането да носите високи потпетици на историските места

Доколку планирате да одите во Грција и да ги посетите историските споменици, бидете сигурни дека со вас носите соодветни чевли.

Од 2009-та година во земјата е донесен закон со којшто се забранува да се носат високи потпетици на историските места за да не се оштетуваат.

na-akropol-ne-smeete-da-nosite-shtikli-na-hvar-ne-smeete-da-se-shetate-vo-kostim-za-kapenje-chudni-novi-zakoni-niz-evropa-04.jpg

Мечето Вини Пу е забрането во Полска

Ако ја погледнете уште еднаш слатката слика на мечето Вини Пу, ќе забележите дека не носи пантолони, а поради ова од 2014-та година во некои градови во Полска неговите слики се забранети.

na-akropol-ne-smeete-da-nosite-shtikli-na-hvar-ne-smeete-da-se-shetate-vo-kostim-za-kapenje-chudni-novi-zakoni-niz-evropa-06.jpg

Во Франција мажите не смеат да носат шорцеви за бањање на базените

Во Франција, доколку планирате да посетите базени или водени паркови, тогаш задолжително со себе понесете и костими за капење.

Шорцевите за капење се забранети затоа што наликуваат на нормална облека и може да ги носите и за извршување на други активности. Така, нечистиотијата од надвор ќе ја внесете и во базенот.

na-akropol-ne-smeete-da-nosite-shtikli-na-hvar-ne-smeete-da-se-shetate-vo-kostim-za-kapenje-chudni-novi-zakoni-niz-evropa-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg