Популарни гестикулации со раце што се навредливи во некои држави

Додека покажувањето среден прст се смета за навреда во скоро целиот свет, кренатиот палец може има сосема поразлично значење од едно до друго место – во Русија, на пример, се смета за голема навреда.

popularni-gestikulacii-so-race-shto-se-navredlivi-vo-nekoi-drzhavi-01.jpg

Обично не размислуваме многу за гестикулациите што ги користиме скоро секојдневно, но она што е најнормално кај нас, може да биде сериозна навреда во друга држава.

Па, добро би било да обрнете внимание на ова кога патувате или запознавате луѓе од други земји.

Кои се популарните гестикулации што треба да ги избегнувате во други држави?

Кај нас и во целиот свет

Покажување на средниот прст се смета за навреда не само кај нас, туку во речиси целиот свет. Оваа гестикулација е всушност многу стара – самиот Диоген сакал да ја користи за да ги провоцира луѓето околу него.

popularni-gestikulacii-so-race-shto-se-navredlivi-vo-nekoi-drzhavi-02.jpg

Бразил

Кај нас оваа гестикулација може да се протолкува како „во ред“ или „океј“, но во Бразил е речиси исто како да сте покажале некому среден прст.

Наводно, и во Грција и во Турција некои луѓе ја гледаат гестикулацијата како вулгарна.

popularni-gestikulacii-so-race-shto-se-navredlivi-vo-nekoi-drzhavi-03.jpg

Италија

Во Италија, оваа гестикулација значи дека воопшто не ви е грижа за она што го кажува соговорникот.

Слично значење има и во Франција, Белгија и Тунис, каде што може да се протолкува и како „Губи се“.

Колку поагресивно ја правите гестикулацијата, толку полоша порака испраќате.

popularni-gestikulacii-so-race-shto-se-navredlivi-vo-nekoi-drzhavi-04.gif

Турција

Неретко постарите ја прават оваа гестикулација кога ги лажат малите дечиња дека „им го украле носот“ или ги насамариле. Но, немојте никако да го правите ова во Турција, бидејќи таму се смета за навреда.

Гестикулацијата може да биде навредлива и за луѓето во Индонезија, Италија и Индија.

popularni-gestikulacii-so-race-shto-se-navredlivi-vo-nekoi-drzhavi-05.jpg

Виетнам

Во некои западни држави, прекрстувањето на прстите значи „Ти држам среќа“ или нешто во тој контекст и е генерално позитивна гестикулација.

Во Виетнам, од друга страна, ова е вулгарна гестикулација која симболизира женски полови органи. Гестикулацијата е уште понавредлива ако биде насочена кон само една личност.

popularni-gestikulacii-so-race-shto-se-navredlivi-vo-nekoi-drzhavi-06.jpg

Африка, Русија и многу исламски држави

Кај нас кренатиот палци значи „Во ред“, а некогаш и знак за добро сработена работа, но за многу луѓе од Русија, Африка и некои исламски држави се смета за навреда.

Па, внимавајте каде ќе ја направите оваа гестикулација.

popularni-gestikulacii-so-race-shto-se-navredlivi-vo-nekoi-drzhavi-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Детали од секојдневието на Индијците што им се чудни на туристите Околу 11% од целото злато во светот е во сопственост на Индијките кои обично го ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg