„Работев 6 години на крузер - работи кои треба да ги знаете пред да одите на крстарење“
Тајмингот за пристигнување на некое пристаниште не е тајмингот кога ќе можете да се симнете од крузерот
Најавено е времето кога бродот ќе се прикотви, но до излегување од бродот ве делат инспекција од локалните власти и добивање одобрение за патниците да се симнат – трае од 20 минути до 1 час или повеќе.
Не можете да го задржите алкохолот што го купувате на пристаништата
Ако сакате да си понесете неколку шишиња текила од Мексико на пример, таа ќе мине на скенер и ќе биде складирана на безбедно од одговорните до крајот на крстарењето.
Најчесто во крузерите ќе ви биде доставен складираниот алкохол на последната вечер.
Можно е да има формални и тематски забави, па треба да се спакувате соодветно
Добро проверете го сајтот на компанијата со која патувате за да видите дали можеби на програмата има некоја забава од 70-тите, па да треба да си понесете фустан или одело.
Кабината може да не ви изгледа онака како што очекувате
Бродските кабини се различни, па има мали и без прозорци и пространи со поглед кон воденото пространство. Кога резервирате кабина во агенцијата задолжително побарајте фотографија од тоа како точно ќе ви изгледа кабината.
Ќе ви биде биде пресметан бакшиш за персоналот
На крајот на сметката ќе имате пресметан бакшиш за персоналот, но ако не се согласувате може да разговарате со одговорните за промена на сумата.
Но, реално персоналот на крузерите работи напорно и посветено, па заслужуваат бакшиш.
Прочитајте и „Работи кои посакувам да ги знаев пред да отидам на крстарење со крузер“
С. С. | Црнобело