„Работев 6 години на крузер - работи кои треба да ги знаете пред да одите на крстарење“
„Тајмингот за пристигнување на некое пристаниште не е тајмингот кога ќе можете да се симнете од крузерот. Најавено е времето кога бродот ќе се прикотви, но до излегување од бродот ве делат инспекција од локалните власти и добивање одобрение за патниците да се симнат – трае од 20 минути до 1 час или повеќе“, открива Ерика од Флорида.
Кога ќе помислите на крстарење со крузер дали мислите на бескрајно водено пространство, многу храна и врвна забава?
Ерика де Паскал од Флорида 6 години работела на крузер и открива кои работи мора да ги знаете пред да отидете на крстарење.
Работи кои мора да ги знаете пред да отидете на крстарење:
Не е сè вклучено во цената
Најчесто луѓето грешат кога мислат дека крузерите се all-inclusive. Често се случува алкохолните пијалаци да не се вклучени во цената, WiFi, екскурзии на брегот, фотографии итн.
Има периоди од годината кога водата е поразбранувана
На џиновските крузери речиси и нема да забележите дека сте на брод, сепак се случува да има проблеми ако наидете на сезоната на урагани на Карибите или зима на Атлантскиот Океан.
Ако страдате од морска болест, обрнете внимание на периодот од годината во кој ќе крстарите.
Некои сопирања на пристаништа ќе бидат пократки од што очекувате
Сопирањата во разни места се одличен начин за истражување на повеќе земји за време на едно патување. Најчесто ви даваат 8 часа за прошетка, но може да се случи некаде да бидете пократко поради правила на пристаништето или поради тоа што доцните и мора да стигнете навреме на следната станица.
Можно е да треба да седите со други гости на крузерот за време на вечерата
Иако оваа традиција е надмината, се случува да треба да седите на голема маса со други гости. Некои луѓе уживаат во ова, но ако вие не сте вљубеник може да им се обратите на одговорните да ви го променат распоредот на седење. Сепак, сега со пандемијата, многу работи и правила зависат од бродската компанија.