-->
Загадувањето во градот е многу лошо, па жителите мораат да си ја филтрираат водата, а температурите се толку ниски, што автобуските постојки се застаклени.
Норилск е град во Русија, лоциран над Арктичкиот Круг, со сурови зими во кои температурата се симнува и до -30 степени. Во лето, пак, просечната температура е само 10-тина степени.
-->
Норилск е најсеверниот град во светот со над 170.000 постојани жители. Во потоплите месеци доаѓаат и луѓе кои живеат таму привремено, па бројот на жители достигнува и до 200.000.
Норилск е најпознат по рудниците за никел кои се една од најголемите причини зошто луѓето одат да живеат на толку сурово место, како и причина за неговото огромно загадување.
Како изгледа животот во замрзнатиот Норилск?
Во Норилск има поларна ноќ која трае од ноември до јануари, како и поларен ден кој трае од мај до јули
Бидејќи транспортот на продукти до продавниците во Норилск е тежок и претежно се одвива со авион, тамошните цени се многу високи – јагодите на фотографијата чинат 1.705 рубљи, односно 1.262 денари
-->
-->
Дело на локалниот уметник Алберт Туркин – скулптура направена од метал и делови собирани од отпад
-->
Броевите на зградите се напишани високо за луѓето да можат да ги видат дури и кога има снежни бури
„Стар фрижидер, сонце и вир со вода – вака изгледа првиот летен ден во Норилск“.
-->
„Низ ова памукче филтриравме околу 10 литри вода од чешма“.
Бидејќи е тешко да се копаат дупки во замрзнатото земјиште на Норилск, каблите и цевките се наоѓаат над земјата
„Ако се жалите за времето, сетете се на Норилск. Фотографијата е направена во мај годинава“.
„Снешко што го направив на 4-ти јуни“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: