9 животни лекции што можеме да ги научиме од единствената Марија Кири
Не се откажувајте пред големите пречки
Марија Кири е пионер во областа на радиоактивноста, но дефинитивно не би била тоа без нејзината упорност.
Марија и сопругот Пјер макотрпно работеле четири години во лабораторија без греење и вентилација – просторија која повеќе наликувала на шупа.
Марија минувала часови во лабораторијата правејќи секакви експерименти (кои подоцна ѝ го влошиле и здравјето), сè додека не го добила резултатот што го посакува.
Целиот труд на Марија и Пјер се исплател – во 1903 година тие добија Нобелова награда за физика поради нивните истражувања во областа на радијацијата.
Бидете пример за вашите деца
Семејството на Марија Кири е рекордер за Нобелови награди – покрај таа и сопругот, и нивната постара ќерка има добиено Нобелова награда.
Првата ќерка на Марија и Пјер ги следела стапките на родителите и станала научник во областа на физиката и хемијата.
Во 1935 година таа добила Нобелова награда за физика, заедно со нејзиниот сопруг. Со ова, таа станува втората жена во историјата која ја добила престижната награда.
Помалата ќерка била новинар и музичар, а има добиено награда за биографијата на нејзината мајка.
Среќата не е секогаш во парите
Со нивните откритија, Марија и Пјер можеле да станат многу богати, но тие ги искористиле парите од Нобеловата награда, како и другата заработка за да финансираат дополнителни истражувања и научни институти.
Марија била пресреќна што има пари за да си ја реновира лабораторијата, а наводно, за домот купила само када.
Не дозволувајте предрасудите да ве обесхрабрат
Веќе напоменавме дека интелигенцијата на Марија била многу потценета. Всушност, дури и откако ја добила Нобеловата награда, медиумите ја претставувале како асистентка на сопругот Пјер, а не негов партнер во истражувањата.
Во научните дебати Марија честопати била напаѓана врз основа на нејзиниот пол, но секогаш била најгласна.
Во 1911 година уште еднаш се докажала како врвен научник, по освојувањето на втората Нобелова награда, овојпат за физика.
Не се откажувајте и не губете надеж
Марија постојано била изложена на радијација додека работела на нејзините истражувања, но тогаш не знаела дека треба да се заштити. Поради ова, нејзиното здравје значително се влошило, па во 1934-та, на 66-годишна возраст таа починала.
Но, дури и кога почнале да се јавуваат проблемите со здравјето, Марија продолжила да работи, продолжила да ја брани својата положба и умешно да се справува со сите кои се сомневале во неа.
А, по смртта Марија оставила огромно наследство – нејзините подвизи и истражувања ги поставија темелите за нова гранка во физиката, најдоа примена во медицината, посебно за третманите против рак, и засекогаш го променија мислењето на јавноста за интелигенцијата и способноста на жените.
Марија Кири дефинитивно е жена од која сите треба да научиме нешто.
Спирова С. | Црнобело