9 животни лекции што можеме да ги научиме од единствената Марија Кири
Не барајте изговори, туку правете планови. Игнорирајте ги критиките на другите и поставете си цел. И, никогаш не се откажувајте поради големите пречки.
Марија Кири е личност која треба да им биде идол на сите девојки и жени.
И покрај сите проблеми предизвикани од фактот дека живеела во период кога жените биле потценувани, Марија е првата жена која добила Нобелова награда, и тоа во две области, како и првата жена која предавала на универзитетот Сорбона.
Таа засекогаш ја промени физиката, а нејзините откритија имаат примени во многу, многу сфери.
Па, што можеме да научиме од животот на оваа моќна жена?
Не барајте изговори, туку правете планови
По завршувањето средно училиште, Марија сакала да се запише на Универзитетот во Варшава, но тој период таму не примале жени.
Наместо да се откаже, Марија почнала да прави план за да го продолжи образованието. Сфатила дека на Сорбона можат да се запишат и жени, па заедно со сестра ѝ, која исто така сакала да студира, се преселила во Париз.
По шест години обидување, сонот ѝ се остварил и Марија ги почнала студиите на престижниот факултет.
Секогаш има време за учење
Во шесте години поминати во Париз пред да ја примат на факултет, Марија работела, но навечер и читала книги и сама ги изучувала темите што ја интересираат.
Истовремено, Марија им помагала на сиромашните деца да научат да читаат и пишуваат, а успеала да најде време и за спортување. Имено, таа сакала лизгање на мраз, веслање и јавање.
Игнорирајте ги критиките и поставете си цел
Општеството во коешто пораснала Марија не ги ценело жените и ги презирало оние кои сакале да учат. Ова, очигледно, не ѝ претставувало проблем – таа била една од двете жени кои дипломирале на нејзиниот факултет.
Кога ги почнала студиите, на Сорбона биле запишани над 2.000 студенти, од кои само 23 биле жени.
Големата свадба не е предуслов за среќен брак
Марија и нејзиниот сопруг Пјер се запознале на факултет, а таа го одбила кога првпат ја побарал за жена. Наводно, планирала да се врати во родната Полска и да стане професор.
На крај сепак се одлучила да се венча со Пјер со скромна церемонија во 1895 година. На денот на венчавката, Марија носела фустан кој си го носела и додека работела во лабораторијата.
Од парите што ги добиле како свадбен подарок, Марија и Пјер си купиле велосипеди и со нив се упатиле до француско гратче каде што го поминале медениот месец.