„Работи кои посакувам да ги знаев пред да отидам на крстарење со крузер“
Сепак, не ми пречеше разликата во години со моите нови пријатели.
Ја запознав 70-годишната Џанет и 78-годишната Селиа на средба за соло патници на крузерот, а потоа одевме на неколку настани заедно, а шетавме и низ Амстердам. Ми се допадна што времето го минував со луѓе со какви не се среќавам во секојдневието и ми се допаднаа нивните забавни приказни.
Не знаев дека гостите треба да седат на истата маса во ресторанот на крузерот секоја ноќ.
Изборот на првата ноќ беше дали сакам да седам сама или со група, избрав сама и потоа не ми беше понудена опција да бирам повторно. За среќа, паровите кои седеа на масите во моја близина сакаат да разговараат.
Знаев дека оброците се вклучени во цената, но не знаев дека има гратис закуски ако знаеш каде да ги бараш.
Еден од патниците дека по појадокот има закуска, која се нуди на друго место, исто и навечер.
При процесот на резервација не ми беше кажано дека ќе имам уште 57 долари трошок за услугата од персоналот.
Но, една патничка ми кажа дека тоа е опционално и дека ако им кажам може да ми го тргнат од сметката, а јас сама да им давам бакшиш на вработените колку и кога сметам дека заслужуваат.
С. С. | Црнобело