„Работи кои посакувам да ги знаев пред да отидам на крстарење со крузер“
„Постоеја работи кои ќе беше добро да ги знам пред да појдам – како тоа дека моето лошење од пловењето можело да биде превенирано ако сум изберела кабина во друг дел од бродот“, раскажува Михаила Фрил е новинарка од Велика Британија.
Михаила Фрил е новинарка од Велика Британија во магазинот Insider која за медиумот каде работи го пренесува своето искуство од своето 5-дневно крстарење со крузерот „Queen Elizabeth“ во Западна Европа.
Дел од нејзиното искуство:
Јас бев една од 1.248-те патници на крузерот – сите бевме вакцинирани.
Крстарењето на компанијата Carnival Cruises беше комплетно распродадено.
Крузерот беше дозволено да биде исполнет до 60% од капациетот, а за тоа бевме информирани и преку мејл пред патувањето.
Ова ми беше прво патување со крузер и бев многу возбудена при патувањето.
Спакував и формална облека затоа што знаев дека ова е една од најформалните крузерски линии.
Но, постоеја работи кои ќе беше добро да ги знам пред да појдам – како тоа дека моето лошење од пловењето можело да биде превенирано ако сум изберела кабина во друг дел од бродот.
Ми се лошеше најмногу навечер кога ќе си легнев да спијам, а членовите на екипажот ми рекоа дека помалку ќе сум го чувствувала лулањето и ќе ми било подобро, ако сум изберела кабина во средината на бродот на понизок кат.
Не знаев дека ќе бидам едно од најмладите личности на бродот.
Имам 25 години, а просечната возраст на гостите беше 61 година. Но, има други линии на кои гостите се помлади.