Зошто некои луѓе живеат по 100 години - кои се тајните на долговечноста?

Не е сè до гените – нештата како среќа, физичка активност, па дури и честото пиење чај можат да бидат причина за долговечноста на некои луѓе.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-01.jpg

Човекот отсекогаш барал начин да ја избегне смртта. Митовите за бесмртност датираат уште од дамнешни времиња и во целото нивно постоење, луѓето се прашувале за нивната смртност.

Уште не ни е целосно јасно зошто умираме и уште не знаеме дали воопшто можеме да живееме стотици години, но факт е дека просечниот животен век на луѓето се зголемува.

За разлика од пред еден век и повеќе, денес имаме безбедни домови, храна и секакви додатоци, а медицината е понапредна од кога било.

Од овде станува јасно дека овие нешта дефинитивно може да ни го продолжуваат животниот век, но дали постојат и други?

Освен „добрите“ гени, кои се можните причини зошто некои луѓе се долговечни?

Комбинација од добри гени, среќен живот и активен мозок

Заедничко нешто на скоро сите луѓе кои ја доживеале 100-тата година е фактот дека сите биле опкружени со семејства кои ги сакаат.

Бидејќи овие луѓе се опкружени со љубов и имаат поддршка од нивните сакани, подобро и полесно се справуваат со стресот, со тоа избегнувајќи ги проблемите што истиот може да ги предизвика.

Истовремено, одржувањето на мозокот „во живот“, односно читањето, решавањето задачи, судоку, крстозбори или што било што ве тера да размислувате, има позитивно влијание и може да ви помогне да го задржите младешкиот дух.

Најстарата жива жена на светот, Кане Танака, има 117 години и вели дека нејзината тајна се семејството, среќните мигови и одржувањето на мозокот во форма.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-02.JPG

Помлада мајка

Според некои истражувања, децата на помладите мајки имаат поголеми шанси да бидат долговечни.

Наводно, жените до 25-тата година раѓаат деца со поголеми шанси за долговечност, но не е познато што точно го предизвикува ова. Некои експерти веруваат дека важна улога имаат јајцеклетките на мајката, но потребни се уште истражувања.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-03.JPG

Добри пријателства

Истражувањата покажале дека осаменоста го зголемува ризикот од деменција, проблеми со срцето, проблеми со менталното здравје, па дури и од прерана смрт.

Што значи, квалитетните врски со пријателите можат да ни го продолжат животот.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-04.JPG

Пиење многу чај

Според истражување, луѓето кои пијат чај барем трипати неделно имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести, но и поголеми шанси да живеат подолго.

Бидејќи проблемите со срцето се чест проблем кај повозрасните луѓе, штом чајот го намалува ризикот од нив, можеби може да ни го продолжи животот. Односно, може да ни помогне да ја избегнеме смртта предизвикана од проблеми со срцето.

Секако, ова не значи дека со сигурност чајот ќе ја има оваа моќ. 

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-05.JPG

Физичка активност

Физичката активност, особено вежбањето со тегови, може да ни го продолжи животниот век.

Бидејќи по 50-тата година од животот мускулите и коските ослабуваат, тренирањето со тегови, односно вежби кои ја зголемуваат физичката сила, можат да бидат од огромна корист.

Според Harvard Health, вежбањето, особено по 50-тата година, не само што ќе ви помогне да ги избегнете повредите како скршени коски и многу здравствени проблеми, туку може да ви го продолжи животот.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-06.JPG

Консумирање јаткасти плодови

Јаткастите плодови се богати со протеини, хранливи влакна, антиоксиданти, витамини и минерали, па очигледно е дека се добри за нас.

Едно истражување, пак, покажало дека јаткастите плодови можат да го намалат и ризикот да предвремена смрт. Според резултатите, консумирањето јаткасти плодови најмалку трипати неделно може да го продолжи животот.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-07.JPG

Дисциплина и добра организација

Истражување покажало дека и дисциплината и добрата организација можат да ни го продолжат животот.

Во истражувањето учествувале постари лица од кои едните имале развиено самодисциплина и добро организиран живот, а другите не ги поседувале овие карактеристики.

Резултатите покажале дека првите живееле 11% подолго од вторите.

nekolku-mozhni-prichini-zoshto-nekoi-lugje-zhiveat-po-100-godini-pa-i-povekje-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg