Германски психијатар открива кои 15 работи го спречуваат намалувањето на интелектот

Манфред Спитзер е германски психијатар, кој во разни прилики истакнува дека намалувањето на интелектот почнува од рана возраст, поради слабото учење во детството, дигиталната зависност и недостатокот на социјален контакт.

germanski-psihijatal-otkriva-15-raboti-koi-go-sprecuvaat-zaglupuvanjeto-na-mozokot-02.jpg

Манфред го смислил и изразот „дигитална деменција“ кој го објаснува во неговата истоимена книга.

Според него, користењето дигитални уреди без никаква контрола, и тоа уште од најрана возраст, може да има сериозно влијание врз когнитивните способности и интелектот, односно да ги намали. Или, со негови зборови, „дигиталната деменција“ е како заглупување на мозокот.

Покрај препораките за поодговорно користење дигитални уреди, Манфред споделува и совети со кои можете да го забавите или спречите намалувањето на вашите когнитивни способности.

Како би го одржале мозокот витален и би го спречиле намалувањето на интелектот, Манфред советува:

1. Хранете се здраво. Најчесто заболуваме поради нездравата исхрана, па затоа треба почесто на менито да вклучите капини, брокула, малку црно чоколадо, риба и малку црвено вино.

2. Секојдневно движете се најмалку 30 минути.

3. Фокусирајте се. Пробајте поретко да бидете замислени и отсутни.

4. Не се форсирајте. Почнувајте работи само кои можете да ги направите и завршите.

5. Помагајте им на другите.

6. Не се оптоварувајте со пари. Тие не ве прават ниту среќни, ниту здрави.

7. Повремено свесно слушајте музика. Не ја пуштајте само кога правите нешто друго, колку да ја пополни тишината.

germanski-psihijatal-otkriva-15-raboti-koi-go-sprecuvaat-zaglupuvanjeto-na-mozokot-01.jpg

8. Смејте се. Дури и кога треба малку да се исфорсирате да се насмеете.

9. Пејте, бидејќи е здраво.

10. Бидете активни и совладајте ги препреките. Не се откажувајте кога работите ќе станат тешки.

11. Поедноставете го животот. Правете ги работите како што се правеле порано.

12. Пуштете ги луѓето да си заминат од вашиот живот.

13. Поминувајте повеќе време во природа, бидејќи тоа ќе ви го подобри квалитетот на животот.

14. Сè што е наведено на листата, важи и за вашите деца.

15. На крај – избегнувајте да го дигитализирате секојдневието.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg