Откажувам планови во последен миг - постапки што може да изгледаат невоспитано, но се дел од мојата анксиозност
Анксиозноста е реалност што многу луѓе ја живеат секојдневно. Таа е сирена која не смеете да ја занемарите, туку мора да ја слушате и покрај непријатниот звук.
Многу од постапките на луѓето кои се борат со анксиозност ги толкуваме поинаку без да ја знаеме вистинската причина за нивното однесување.
Она што им е најтешко да го признаат се следните неколку постапки кои ние најчесто ги доживуваме како сурови, груби или невоспитани, а вистината е сосема поинаква:
Заминување порано дома. Ова не значи дека не ми се допаѓаш или дека не сакам да поминам извесно време со тебе. Само значи дека сум совладана од емоциите што ги чувствувам.
Неочекувано молчење и долга пауза во зборувањето. Ова не значи дека не си ми интересен за слушање. Само значи дека мојот мозок никогаш не престанува да работи и потребна ми е мала пауза.
Откажување на планови за дружба во последен момент. Ова не значи дека не сакам да се видам со тебе. Само значи дека сме ги направиле плановите кога сум имала многу подобар ден од денешниот.
Зјапањето во телефонот долг временски период. Ова не значи дека го правам тоа затоа што сум груба и невоспитана. Само е начин како малку да ги смирам и дефокусирам анксиозните мисли.
А , вака изгледа анксиозноста низ 4 моќни илустрации кај луѓето коишто секојдневно се борат со неа:
Како нож што те прободува низ срцето со секој нов здив
Како облак со токсични, негативни мисли којшто те следи каде и да одиш
Како натрапник кој ја киднапирал твојата личност и не можеш никако да се ослободиш од него
Како експлозија во мозокот што прави сите твои мисли неконтролирано да вријат и да излегуваат надвор од контрола
(О)Милена | Црнобело