Колку ни се менуваат животот и перспективата за само 100 денови, низ забавни илустрации
Ние луѓето имаме неверојатна способност за адаптирање. Можеби на почетокот секоја промена ни се чини тешка, но доволни се 3-4 месеци за да се навикнеме и целосно да заборавиме дека сме ја доживеале таа промена.
Со ова адаптирање се менува и нашата перспектива за нештата околу нас, па со текот на времето си го менуваме и начинот на однесувње.
Помислете само колку лесно сте се навикнале на новиот смартфон.
Кога сте го купиле, веројатно сте биле неизмерно среќни и сте се грижеле за него подобро отколку што се грижите за себе.
Но ако оттогаш поминале неколку месеци, сигурно сега без проблем го фрлате телефонот на креветот, постојано ви паѓа и не сте многу загрижени ако го удрите или настапите.