8 знаци дека вашата пријателка е токсична и ве води кон пропаст, низ илустрации
Не го почитува вашиот личен простор
Можеби обично не ви пречи што пријателката ви се меша во сите планови и е како „залепена“ за вас, но со текот на времето ова може да предизвика проблеми.
Ако веќе сте почнале да ги криете плановите од пријателката плашејќи се дека самата ќе се покани, таа дефинитивно не ги почитува вашиот личен простор и вашата приватност.
Ви љубомори кога се дружите со други луѓе
Дури и ако сте најдобри пријателки од детството, нормално е да се дружите и да разговарате со други луѓе.
Токсичната пријателка нема да го дозволи ова и ќе го прекинува секој разговор што го имате со друга личност, особено ако сте излегле само вие две.
Одлучува наместо вас
Пријателката не е таа што треба да одлучува за вас – ниту што ќе јадете, ниту со кого ќе се гледате. Ако забележувате дека пријателката презема сè поголема контрола и си дава слобода да одлучува за многу аспекти од вашиот живот, можеби треба да се оддалечите од неа.
Ги занемарува вашите обврски и се однесува себично
На токсичната пријателка не ѝ е грижа колку сте зафатени – штом таа заклучила дека треба да ве побара, ќе го направи тоа и ќе ве игнорира ако ѝ кажувате дека немате време.
Спирова С. | Црнобело