8 знаци дека вашата пријателка е токсична и ве води кон пропаст, низ илустрации
Исто како љубовните врски, и пријателствата бараат многу работа. И вие и вашата пријателка треба, во најмала рака, да се почитувате една со друга и самото пријателство не треба да ви биде товар.
Но постојат многу токсични луѓе кои си земат преголема слобода, а од нив најчесто страдаат нивните блиски пријатели.
Па, дали вие можеби имате токсична пријателка која само ви штети?
Секогаш пробува да ви докаже дека знае повеќе од вас за буквално сè
Нормално е да имате различни ставови и размислувања со пријателката, но и двете треба да го прифатите ова. Ако пријателката ве осудува за секој став, ја критикува секоја ваша одлука и постојано пробува да ви докаже дека знае повеќе од вас за буквално сè, можеби и не баш добра пријателка.
Ве понижува, наместо да ви даде поддршка
Наместо да ве поддржи кога се обидувате да се подобрите себеси, токсичната пријателка ќе ве понижи.
Ова, се разбира, дефинитивно ќе ги повреди вашите чувства.
Постојано се натпреварува со вас
Некогаш, пак, токсичната пријателка нема да ве понижи, туку ќе се однесува како сè да е натпревар.
Ако вие успеете во нешто, таа веднаш ќе проба да ви докаже дека е подобра во истото тоа нешто.
Ги кажува вашите тајни и ве озборува
Ова е веќе јасно – штом пријателката ги споделува вашите тајни и ве озборува со другите, тогаш дефинитивно не ви е толку добра пријателка.