-->
Можеби уште не сте ги постигнале вашите цели. Можеби уште не сте си ја исполниле најголемата желба. Можеби не сте ни блиску до реализација на некој план.
Но, само помислете колку многу сте направиле досега – низ што сè сте поминале, што сте постигнале, што сте научиле. Сигурно имате барем една причина да бидете горди на себе и на вашите достигнувања. А, сигурно има и барем една личност во вашиот живот која е особено горда на вас.
-->
Кога ќе направиме нешто, особено нешто за коешто сме мислеле дека е речиси невозможно, сите се чувствуваме гордо на себе. Исто важи и кога некоја сакана личност ќе се надмине себеси и ќе успее во некоја своја цел.
Ова се мошне скапоцени моменти во нашите животи и тешко дека ќе ги заборавиме, а во продолжение можете да погледнете неколку емотивни фотки од најгордите моменти на луѓе од целиот свет:
„Имам церебрална парализа, поради што ми е тешко да трчам. Денес, и покрај болеста, истрчав 3 километри и сум многу горда на себе“
„По 4 години, 75 одбивања и 164 денови на терапија за анксиозност, ја издадов мојата прва книга“
„Пред неколку години, депресијата значително ми се влоши. Конечно успевам да се изборам со неа. Не е совршено, но барем повторно си ја имам собата“
-->
-->
„Сопругот првпат се пријави на натпревар за сликање и го освои второто место! Многу сум горда“
-->
Поглед на горда мајка
„Отстранивме 225.718 гуми од океанот во Флорида. Горд сум на мојата компанија“
-->
„Сликам четири години, а една година ја усовршувам оваа техника. Многу сум горд на овие две делa“
„Се возевме со сопругата и синовите кои имаат 10 и 6 години, ме замолија да застанеме бидејќи го видоа мажот со инвалидска количка како го чисти снегот, па сакаа да му помогнат“
„Организирав час за правење фризури за татковци и ќерки за да им помогнам на татковците да научат нешто повеќе за средувањето коса. Многу сум горд на овие татковци кои се обидуваат да изградат подобар однос со нивните ќерки“
„Истото огледало, една година подоцна. Закрепнувањето од анорексија не беше лесно, но кога ги гледам овие фотографии сум горда на себе“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: