Прифаќате кога не сте во право и уште 7 неочекувани знаци дека можеби сте натпросечно интелигентна личност
Дали можеби грицкате нокти, често имате егзистенцијална криза и обично ги потценувате вашите способности и интелект? Тогаш голема е веројатноста да сте натпросечно интелигентна личност.
Обично мислиме дека натпросечно интелигентни личности се оние кои се истакнале на училиште, завршиле факултет (можеби и два), покажале талент за математика…
Но, интелигенцијата се манифестира на милиони начини и секоја интелигентна личност покажува разни особини кои не мора да се исти како кај другите. Поради ова, постојат и за нас неочекувани знаци дека некоја личност е натпросечно интелигентна.
Погледнете кои знаци покажуваат дека можеби сте натпросечно интелигентна личност:
Често ви е досадно
На интелигентните луѓе често им здосадуваат секојдневните рутини. Поради знаењето, вештините и интелектот, кога работат на монотони обврски тие ни приближно не го користат својот потенцијал, па брзо им станува досадно.
Од истата причина нив не им се допаѓаат ни „празните“ разговори – воопшто не го стимулираат нивниот ум и многу поинтересно им е да зборуваат за апстрактни теми.
Се чувствувате младо за вашата возраст
Наводно, интелигентните луѓе секогаш се чувствуваат помладо од својата возраст. Постојат неколку претпоставки за оваа појава. На пример, интелигентните луѓе се пољубопитни и полесно процесираат комплексни информации. Ова, пак, ги тера да истражуваат и да учат нови нешта – работи што можат да направат да се чувствувате помладо.
Често имате егзистенцијална криза
Интелигентните луѓе често размислуваат за смислата на животот, настанокот на светот и слично. По многу размислување, овие нешта можат да ги натераат да помислат дека нашето постоење всушност и нема смисла, па се соочуваат со егзистенцијална криза.
Тешко ви е да најдете љубов
Некогаш многу интелигентните луѓе не можат да се вклопат во опкружувањето, а поради ова страдаат нивните социјални вештини и може да им биде тешко да си најдат партнер. Од друга страна, многу луѓе со просечна интелигенција се на некој начин заплашени од интелигенцијата на генијалците, па помала е веројатноста да почнат врска со нив.
Ова не важи за луѓето со висока емоционална интелигенција кои одлично се справуваат во социјални ситуации.
Грицкате нокти
Грицкањето нокти најчесто го поврзуваме со стрес, но наводно ова може да биде одлика на интелигентните луѓе. Всушност, навиките како грицкање нокти, допирање на косата и слично ѝ помагаат на личноста да ги надмине здодевноста и неудобноста, па можат да бидат и знак за интелигенција.
Грицкањето нокти е честа навика и кај луѓето кои се перфекционисти – уште еден знак за можна висока интелигенција.
Често заборавате ситници
Неретко интелигентните луѓе постојано размислуваат за нешто, постојано имаат идеи, а тоа им го одвлекува вниманието од секојдневието. Поради ова, често им се случува да заборават ситници.
Прифаќате кога не сте во право
Факт е дека на повеќето луѓе им е тешко да признаат кога не се во право, но оние интелигентните го прават тоа без проблем.
Интелигентните луѓе ги земаат предвид сите информации и потоа донесуваат заклучок. Ако отпосле добијат нови информации кои го побиваат нивниот заклучок, тие без проблем ќе го променат мислењето.
Не се сметате за интелигентна личност
Кај интелигентните личности постои многу високо ниво на самокритичност. Тие добро размислуваат за секоја постапка и за секој нивен збор, а неретко и се потценуваат себеси и своите способности.
Всушност, во психологијата постои и концепт познат како Данин-Кругеров ефект, според кој луѓето со пониска интелигенција „живеат“ во илузија дека се многу поспособни и поинтелигентни отколку што навистина се. Според психолозите кои стојат зад овој ефект, овие луѓе не можат да ја препознаат нивната неспособност.
Од друга страна, колку е поинтелигентна личноста, толку е посвесна за своите недостатоци и најверојатно ќе се потценува.
Спирова С. | Црнобело