Најбизарните работи што ги прават некои луѓе за внимание, низ илустрации
Даваат пола плата за дизајнерки парчиња, погрешно користат долги зборови мислејќи дека звучат паметно, купуваат скапи миленици, а потоа се зачудени што треба да се грижат за нив - некои луѓе навистина ги прават најчудните работи само за трошка внимание од другите.
Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се пофалите, но изгледа дека сè почесто некои луѓе се фалат со работи што не се ни нивни, и тоа само за внимание.
Можеби вие радосно ќе им се пофалите на блиските за новите патики што сте ги посакувале со месеци, но некои луѓе ќе фрлат илјадници денари (кои ги немаат) за брендирани чевли, само за да им се пофалат на луѓето онлајн, луѓе кои не ги ни познаваат.
Некогаш, пак, пробуваат да ги „импресионираат“ и луѓето кои им се блиски, повторно со работи што не се нивни или не можат да си ги дозволат. Ова однесување потекнува од желбата за внимание и факт е дека за повеќето изгледа доста чудно.