Професор по психологија открива: Како најлесно да се справите со гневна личност?

Зборувајте смирено, не генеразлирајте, размислете дали вие сте виновникот - професор по психологија од САД нуди одлични совети за справување со гневна личност.

profesor-po-psihologija-otkriva-kako-najlesno-da-se-spravite-so-gnevna-lichnost-01.jpg

Гневот е една од најинтензивните емоции, но и една од најтешките за контролирање, а сите сме го почувствувале барем еднаш.

Додека луѓето обично се обидуваат да го контролираат гневот и да не избувнуваат, во некои ситуации ова е скоро невозможно. А, сите знаеме дека е навистина тешко да се справите со гневна личност, особено ако вие сте причината за нејзиниот гнев.

Па што можете да направите во овие ситуации?

Рајан Мартин е професор по психологија кој го проучува гневот кај луѓето. Тој се обидува да ја открие причината за неговата појава, но и како најлесно да се справиме со него.

Рајан има ТикТок профил со над 100.000 следбеници, каде што редовно објавува информативни видеа за човечката психа, особено за гневот. Неодамна, тој направи и видео серијал од шест делови во кои открива совети кои ќе ви помогнат да се справите со гневна личност.

Погледнете како да се справите со гневна личност:

Запрашајте се дали сте одговорни за гневот на другата личност

Рајан советува дека најпрво, најдобро е да се запрашате дали можеби вие имате некаков удел во гневот на соговорникот. Истовремено, дури и ако не сте вие „виновникот“, запрашајте се дали гневот на личноста е оправдан.

Во случај вие да сте одговорни за гневот на другата личност, тоа не значи дека нејзиното лошо однесување е оправдано. Личноста може да ви биде гневна и да ви го каже тоа на смирен начин. Но, наместо да се расправате, признајте ја својата грешка и прашајте ја личноста што можете да направите за да ја исправите.

@angerprofessor

Dealing with Angry People: Part 1. Ask yourself questions #anger #emotion #selfhelp #angermanagement #psychology

♬ original sound - Ryan Martin

Немојте и вие да бидете гневни и да се однесувате исто како другата личност

Рајан вели дека луѓето настојуваат да ги копираат емоциите на другите, особено во напнати ситуации. Ова значи дека ако гневната личност почне да ви вика, најверојатно и вие ќе почнете да зборувате со ист тон.

Според Рајан, во овие ситуации најдоброто за вас е да го направите спротивното, односно да останете смирени. Ако зборувате смирено, Рајан вели дека голема е веројатноста и гневната личност да се смири, па ќе можете да продолжите со разговорот без викање и расправање.

@angerprofessor

Dealing with Angry People: Part 2. Embrace non-complementary responses. #anger #emotion #selfhelp #angermanagement #psychology 

♬ original sound - Ryan Martin

Што ако личноста не сака да зборува со вас?

Сигурно барем еднаш ви се случило некој да ви биде гневен и воопшто да не сака да зборува со вас, без разлика што вие само сакате да си ја поправите грешката. Рајан има совет и за оваа ситуација.

Според него, најдобро е да споделите неколку работи со гневната личност, без разлика дали во живо или преку порака: „Верувам дека си ми гневен. Очигледно не ти се зборува за ова. Тоа е сосема во ред, но кога ќе бидеш подготвен за зборување, ќе бидам подготвен и јас“.

Рајан вели дека ова е сè што можете да направите во оваа ситуација и нагласува дека не треба да заборавите дека некогаш на гневната личност ѝ треба простор.

@angerprofessor

Reply to @vesuvius.rose dealing with angry people: part three. What if they won’t talk to me. #anger #emotion #selfhelp #angermanagement #psychology

♬ original sound - Ryan Martin

Не генерализирајте

Рајан вели дека кога зборувате со гневна личност, никогаш не треба да го генерализирате нејзиното однесување. Односно, немојте да кажувате работи како „Секогаш ми викаш“, „Никогаш не зборуваш со мене“ и слично.

На овој начин можете само да ја влошите ситуацијата и да го направите проблемот поголем, бидејќи почнувате да се фокусирате и на други проблеми, а не само на сегашниот.

Рајан нагласува дека можеби изјавите како „Никогаш не зборуваш со мене“ се вистина, но во ваквата ситуација нема да ви бидат од помош – соговорникот најверојатно ќе се чувствува нападнато. Па, фокусирајте се само на сегашниот проблем, а ако има нешто поголемо, решавајте го подоцна.

@angerprofessor

dealing with angry people. Part four. Don’t generalize. #anger #psychology #selfhelp #emotion 

♬ original sound - Ryan Martin

Препознајте кога треба да се повлечете

Рајан вели дека кога соговорникот е многу гневен, најверојатно разговорот нема да вроди со никаков позитивен резултат. Поради гневот, некогаш луѓето не размислуваат рационално, па што и да кажете, може да ја влоши ситуацијата, без разлика колку добра ви е намерата.

Ако сфатите дека гневот на личноста не се намалува и станува јасно дека разговорот нема да вроди со никаков резултат, тогаш најдобро повлечете се. Почекајте да се смирите и двајцата, па дури потоа разговарајте за проблемот.

Со ова ќе го избегнете непотребното викање, па дури и зборовите за кои подоцна можеби ќе зажалите.

@angerprofessor

dealing with angry people. Part five. Know when to disengage. #anger #selfhelp #psychology #selfhelp #emotionless

♬ original sound - Ryan Martin

Што ако добиете гневна порака?

Онлајн комуникацијата е сеприсутна, па доста често луѓето го искажуваат гневот преку пораки. Но што да направите кога ќе се најдете во ваква ситуација?

Рајан вели дека во овој случај треба да ги следите сите претходно наведени правила. Истовремено, нагласува дека кога станува збор за порака, имате еден вид предност бидејќи имате време да размислите за вашиот одговор.

Рајан советува и да се обидете да ја согледате перспективата на гневната личност, вистински да разберете зошто се чувствува така. Најдобриот начин да го направите тоа е со поставување прашања за кои Рајан вели дека имаат моќ колку-толку да ја смират ситуацијата.

@angerprofessor

dealing with angry people. Part six. what about text anger. #anger #selfhelp #psychology #emotion #feeling

♬ original sound - Ryan Martin

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg