„Бев на крстарење со крузер - што не ми се допадна во кабината, а што ми се допадна?“
-->
„Собата ми беше мала, но бев изненадена колку добро беше искористен просторот, но тоалетот беше навистина тесен, како тоалет во авион, кога се туширав правев хаос...“, раскажува Моника Хамфрис.
Моника Хамфрис од САД за магазинот Insider раскажува како изгледало нејзиното прво крстарење по екот на пандемијата.
-->
Таа се качила на бродот Carnival Vista, за кој вели дека е еден од првите крузери кој испловил од САД во последниве 16 месеци.
Таа ги пренесува своите впечатоци оттаму:
Крстарењето траеше 8 дена.
-->
-->
Малку бев загрижена затоа што ќе имам кабина без прозорец.
-->
На првиот ден клучевите ме чекаа во сандаче пред вратата од собата, каде членовите на екипажот може да ви оставаат пораки во тек на престојот.
Собата ми беше мала, но бев изненадена колку добро беше искористен просторот.
-->
На секоја страна од креветот имав мала ноќна масичка со ламба и простор за складирање.
Проблем беше што штекерите беа зад масичките, па проблем ми беше малку кога требаше да го полнам телефонот и лаптопот.
Омилено ми беше што над креветот имав прекинувач за светлото, па не морав да станувам.
Имав и огледало за шминкање.
Добро беше што и таму имаше штекери, како за фен на пример.
Поради короната немаше класично мени, туку функционираше со QR код.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени
Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Идеи за пакување новогодишни подароци (што ќе им се допаднат и на најпребирливите)
Подароците спакувани во едноставна еднобојна хартија можете да ги декорирате со ...