Хрватот Невен, кој сака да биде жив Кен, и уште 7 луѓе зависници од пластични операции
Хрватскиот стилист Невен започнал со пластични операции уште од далечната 1992 година и не сопира. Кој извадил ребра, кој го променил личниот опис, кои луѓе се најголемите зависини од пластични операции?
Сè повеќе луѓе низ светот стануваат зависници од пластични операции, независно што многумина не би го прифатиле ова позитивно.
Некои сакаат да личат на кукли, други на своите идоли, а трети на џуџиња и што уште не.
Луѓе зависници од пластични операции:
Џесика Алвез - Барби
Од Родриго Алвес стана Џесика Алвес и сака да изгледа како Барби од реалноста. Има 37 години, потекнува од Бразил и на себе има повеќе од 75 операции, меѓу кои и за промена на полот, добивање на женствен изглед на лицето, импланти во колковите итн. Прво сакаше да личи на Кен, но од 2019 година одлучи дека сака да биде Барби.
Џастин Џедлик – Кен од реалноста
Уште од 17-годишна возраст сакал да личи на Кен. Потекнува од Лос Анџелес и само на носот имал 5 пластични операции. Тврди дека на себе имал изведено повеќе од 1.000 процедури.
Херберт Чавез – Супермен
Филипинецот Чавез (43) имал повеќе од 23 операции за да изгледа како неговиот омилен суперхерој Супермен. Ја избелувал кожата, ставал филери, го изменил изгледот на брадата...
Оли Лондон – сака да изгледа како својот корејски идол
Британскиот инфлуенсер Оли (31) сака да изгледа како својата омилена корејска ѕвезда Jimin. Вели дека се чувствува заробено во погрешно тело и дека конечно чувствува дека изгледа како Кореец.