Забавни фото-споредби: Како гледаат луѓето со разни видови далтонизам?
Бојното слепило, познато и како далтонизам, е нарушување поради кои луѓето помалку или воопшто не перципираат одредени бои, или тешко им е да ги распознаат.
Најчесто бојното слепило е наследно и настанува кога една или повеќе од фоторецепторните клетки во окото се оштетени или недостасуваат.
Мажите почесто се жртви на бојно слепило, бидејќи нарушувањето најчесто се наоѓа на Х хромозомот, а тие имаат само еден. Жените, од друга страна, имаат два Х хромозоми, па ако има проблем кај едниот, „штетата“ може да се поправи со другиот.
За жал не постои лек за бојно слепило, но денес има леќи и очила кој можат да им помогнат на луѓето кои не ги перципираат црвената и зелената боја.
Во продолжение погледнете како гледаат луѓето со разни видови бојно слепило:
Деутераномалија
Деутераномалијата е најраспространетото „бојно слепило“ и се јавува кај 6% од машкото и 0,4% од женското население.
Во овој случај, луѓето потешко ги перципираат црвената и/или зелената поради проблеми со фоторецепторните клетки во окото. Обично овие луѓе не ги гледаат црвената и зелената како останатите, но можат да ги разликуваат.
Протанопија
Протанопијата е слично нарушување како деутераномалијата, но е многу поретко и се јавува кај само 1% од машкото население. Луѓето со ова нарушување не можат да ги перципираат црвените нијанси, но можат да ги перципираат сините и жолтите.
Тританопија
Ова нарушување е уште поретко и луѓето кои го имаат можат да ги перципираат само зелените и црвените бои. Тие воопшто не можат да ја видат сината боја, која за нив најчесто има зеленкаста нијанса.
Целосно бојно слепило
Многу мал процент од населението има целосно бојно слепило, што значи дека нивните очи не перципираат ниту една боја.
Уште фотки што покажуваат како гледаат луѓето со различни видови бојно слепило:
Спирова С. | Црнобело