Митот за Петок 13ти
Стравот од петок 13ти сеуште е актуелен. Суеверните луѓе на овој ден дури и одбиваат да излезат од дома, некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.
Еве неколку од интересните приказни во историјата кои се случиле токму на петок 13ти:
1. Се смета дека Ева му го понудила јаболкото на Адам во петок, и дека смртта на Абел била токму во петок.
2. На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.
3. Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.
4. Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.
5. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.
6. Петок заедно со бројот 13 биле свети за норвешката богиња Фреја. Христијаните кои имале за цел да го забранат нејзиниот култ, верувале дека овој ден претставува несреќа.
7. Темпларите биле уапсени во Петок, 13ти Октомври, 1307та година. Дека ова претставува потекло за суеверието во петок 13ти се зборуваше и во познатото дело Кодот на Да Винчи.
8. Уругвајскиот рагби тим се срушил на планинаскиот венец на Андите на петок 13ти – октомври, 1972.
9. 13ти јануари, 2006, 13ти октомври, 2006 и 13ти Мај, 2011та година не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13.
И можеби најзастрашувачката приказна која допрва ќе ја дочекаме и која ќе се раскажува:
- Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе се приближи на земјата во петок, 13ти Април, 2029та година.
Останати факти:
- Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат.
- Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.
- Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.
- Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13.
- На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.
- Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.