10 знаци дека сте добро воспитан човек – родителите си ја завршиле работата

Доброто воспитување е сложен процес на кој секој родител би требало да обрне внимание. Дали вашите родители доволно ви се посветиле?

10-znaci-deka-ste-dobro-vospitan-covek-roditelite-si-ja-zavrsile-rabotata-001_resize.jpg

Ова се 10-те заеднички карактеристики на добро воспитаните луѓе:

1. Знаете дека трпението ви дава предност. Не морате да го добиете она што сте го замислиле во истиот момент. Свесни сте дека изреката трпение-спасение е вистински точна.

2. Секогаш мислите на другите. Додека разговарате во круг со одреден број луѓе, се потргнувате за да направите простор за и другите да може да се вклучат во разговорот. Притоа, не упаѓате во збор и слушате внимателно.

3. Свесни сте за околината. Односно, внимателно следите што прават луѓето близу вас, како би знаеле како да изреагирате.

4. Велите „те молам“ и „благодарам.“ И тоа не ви е знак за срамежливост, туку за пристојност.

5. Не барате другите да ви ги потврдат вашите вредности. Само лошо воспитаните луѓе имаат потреба да изнудуваат комплименти.

6. Знаете кога треба да отстапите место. Не ви е проблем да потстанете кога до вас ќе застане бабичка или трудница.

7. Не им ја отежнувате работата на другите. На пример, кога ќе сакате да вратите некој продукт во супермаркетот, тоа го правите на местото од каде што сте го земале, а не каде што ви дошло.

8. Емпатични сте. Односно, се ставате во кожата на другите и знаете дека на никој не му е така лесно како што изгледа.

9. Ги почитувате повозрасните. Односно, секогаш им се обраќате со „Вие.“ Никогаш не преминувате на „ти“ без претходно да прашате.

10. Знаете да си ја признаете грешката. И знаете кога не сте во право. Лесно се сложувате со луѓето дека едноставно не се сложувате, без расправање, викања и кавги.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg